fbpx

Обвинителството му одговори на Кривичен: Со упадот во М-НАВ загрозен авиосообраќајот

ОЈО ги товари напаѓачите за „Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“ од чл. 303 ст.2 вв со чл. 22 од Кривичниот законик, кривично дело кое се казнува со најмалку 5 години затвор

-

По денешното соопштение преку кое Основниот кривичен суд се дообјасни зошто го одбило предлогот на обвинителството за определување мерка притвор за Беким Незири и за уште тројца осомничени за упадот во М-НАВ и нападот врз контролор на летање, попладнево реагираа и од Основното јавно обвинителство.

„Во однос на обележјата на кривичното дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од член 303 од КЗ опишано во ставот 2 oд тој член, тие се исполнети со самата можност да се загрози безбедноста на аеродром за меѓународeн воздушен сообраќај со акт на насилство и не е неопходно да настапила катастрофална штетна последица во смисла на тешка повреда, смрт или уништување“, соопшти Обвинителството.

Инаку, ОЈО ги товари напаѓачите за „Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“ од чл. 303 ст.2 вв со чл. 22 од Кривичниот законик, кривично дело кое се казнува со најмалку 5 години затвор. Полицијата трага по уште четворица од напаѓачите кои учествуваа во упадот во М-НАВ минатава недела, кога беше удрен и контролор на летање на своето работно место.

Реакцијата на Обвинителството следи откако скопскиот Кривичен суд преку соопштение образложи зошто не донеле мерка притвор за Незири и за уште тројца осомничени за упадот во М-НАВ.

„Јавноста мора да знае дека судот постапува пред се врз основа на приложената документација/докази доставени од ОЈО и МВР и врз основа на слободно судиско убедување“, стои во соопштението од Кривичниот суд.

Кривичниот суд се дообјаснува зошто нема притвор за напаѓачите во М-НАВ

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...