Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни кон крајот на денот и во вечерните часови, особено во западните и во северните делови од земјава. Температурата ќе се движи од 8 до 18 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Темепратурата ќе достигне до 15 Целзиусови степени.