fbpx

Заврши заложничката криза во Сиднеј

-

Во западниот дел на Сиднеј утринава е завршена седумчасовната заложничка криза, во која дојде до престрелка, а полицајците го убиле напаѓачот и ги ослободиле тројцата заложници, јавуваат локалните медиуми.

Инцидентот се случил кога маж, вооружен со автоматско оружје, за кое се претпоставува дека било „калашников“, упаднал во една локална фабрика. Во пукањето е убиено едно лице, додека две се повредени, соопшти австралиската полиција.

Во соопштението на полицијата на Нов Јужен Велс се наведува дека добиле повик од местто на инцидентот, каде затекнале три лица со повреда од огнено оружје.

Полицијата за време на акцијата го блокирала подрачјето околу фабриката во која се одвивала заложничката драма во индустриското предградие Инглберн, на 40 километри југозападно од Сиднеј.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...