fbpx

Во Брисел почнува вонредниот самит за бегалската криза

-

Европските лидери денеска на самитот во Брисел со Турција ќе се обидат да постигнат договор за решавање на мигрантската криза и да го запрат приливот не бегалци кон Европа. Според најавите, од Турција ќе се бара да се согласи на пообемни депортации на економски бегалци од Грција.

Пред министрите на Унијата ќе се најде документ кој предвидува драматични мерки кои вклучуваат и затворање на балканската рута на која важен дел е Македонија.

На самитот се очекува да присуствува и турскиот премиер Ахмет Давутоглу, кој синоќа во пресрет на состанокот вети дека неговата земја ќе се обиде да ги поправи условите за бегалците за да добие помош од три милијарди евра, предвидена со договорот со ЕУ. Тој рече дека тие пари ќе бидат искористени за градење училиште и болница за сириските бегалци во Турција.

Лидерите на ЕУ ќе се обидат да извршат притисок на Анкара за економските мигранти да ги вратат во земјите од кои потекнуваат. Во исто време, ЕУ е подготвена да ѝ помогне на Грција, во која доаѓаат мигранти од Турција и каде до крајот на март се очекува да пристигнат повеќе од 100.000 бегалци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.