fbpx

Нови 185 случаи на ковид-19 и дури 11 починати во изминатите 24 часа

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.364 тестирања, а регистрирани се 185 нови случаи на ковид-19. Во истиот период, од последиците од болеста починале дури 11 пациенти.

Најмногу нови случаи во изминатово деноноќие има во Скопје – 96, Куманово – 2, Дебар -18, Штип -4, Прилеп-1, Тетово -14, Струга -20, Велес – 2, Битола – 2, Охрид -7, Кавадарци -2, Гостивар -2, Крива Паланка -1, Пробиштип -1, Свети Николе – 2, Кичево – 3, Ресен – 8.

Институтот за јавно здравје регистрирал 41 оздравен пациент: од Скопје 29, од Куманово 1, од Штип 4, од Тетово 2, од Велес 4 и од Гостивар 1.

Починати се 11 лица, од кои осум се од Скопје и по еден пациент од Куманово, Штип и Тетово.

Во ГОБ „8 Септември“ починале 8 лица: 53-годишен пациент примен на 17 јуни; 66-годишен пациент примена на 5 јуни; 67-годишен пациент примен на 15 јуни; 65-годишна пациентка примена на 10 јуни; 73-годишна пациентка примена на 9 јуни; 62-годишен пациент примен на 15 јуни; 65-годишна пациентка примена на 13 јуни и 76-годишен пациент.

Во ОБ Куманово починал 78-годишен пациент хоспитализиран на 12 јуни, во КБ Штип починал 63-годишен пациент примен на 18 јуни, а во Тетово 62-годишна пациентка потврдена за позитивна на 17 јуни.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.005, бројката на оздравени пациенти е 1.904, на починати е 233, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.868.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...