fbpx

Нови 141 случај на ковид-19, четиримина починати и 93 оздравени пациенти

-

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 2.006 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19. По градови, бројките се следниве: Скопје 51 нов случај, Куманово 19, Дебар 2, Штип 15, Прилеп 6, Тетово 6, Струга 16, Велес 2, Битола 4, Охрид 2, Кавадарци 1, Гостивар 2, Гевгелија 1, Радовиш 1, Пробиштип 2, Македонски Брод 2, Берово 1, Виница 2, Делчево 1, Свети Николе 2, Кичево 2 и Неготино 1 нов случај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 93 оздравени пациенти, и тоа: од Скопје 25, Штип 33, Прилеп 1, Тетово 10, Велес 2, Битола 7, Пробиштип 1, Демир Хисар 2, Македонски Брод 1 и од Кичево 11 оздравени.

Починати се четири пациенти, два од Скопје (54 г. и 55 г.), пациентка од Кавадарци (69 г.) и пациент од Свети Николе (70 г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.653, бројката на оздравени пациенти е 9.123, на починати е 539, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.991.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...