fbpx

Нови 108 позитивни на ковид-19

-

Во последните три дена направени се 976 тестови, од кои 108 се позитивни на ковид-19, информира Министерството за здравство. Од вкупниот број позитивни, 30 се реинфекции. Освен тоа, регистрирани сe и 135 оздравени пациенти.

„Во текот на изминатите три дена пријавени се три починати лица. Две се од Охрид (81г и 89г) и едно починато лице е од Кратово (72г). Сите се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица“, велат во МЗ.

Досега во земјата се направени вкупно 2.170.602 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.069, бројот на оздравени пациенти е 333.067, на починати е 9.537, а бројот на активни случаи изнесува 465.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ги информираше САД за планот за евакуација на палестинските цивили пред потенцијалната операција во Рафах

Израел оваа недела ги информираше претставниците на администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден за планот за евакуација на палестинските цивили пред потенцијалната операција во јужниот град на Газа,...