Нова епизода на „Шорткат“: Театар со сенки против мали хидроцентрали

Театарот „Сенки и облаци“ е единствениот театар што работи претстави со сенки во земјава. Дел од нивните проекти вклучуваат подигање на свеста кај граѓаните за теми како репродуктивно и сексуално здравје, инклузија и заштита на животната средна. За новиот проект за претставата со сенки против малите хидроцентрали погледнете во новата епизода на „Шорткат“.

Информираме за бурните реакции во јавноста по најавите за измена на законот за субвенциониран студентски оброк, како и за апелот на МОН училиштата да ја надоместат наставата изгубена поради лажните дојави за бомби. На тема животна средина ќе видиме како климатските промени се одразија врз врнежите во земјава.

Го проследуваме „Social Day“ на „Младите можат“, и најавуваме два големи настана на 7 декември.

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва на нашите социјални мрежи.