fbpx

Нова доза препукувања меѓу Данела Арсовска и советниците од ВМРО-ДПМНЕ

Резултат од денешните препукувања меѓу градоначалничката Арсовска и советниците од ВМРО-ДПМНЕ е прекината седница за советнички прашања, како и одложена редовна седница на градскиот совет

-

Советот на град Скопје денеска имаше неуспешен обид за одржување на седница за поставување на советнички прашања. Скопската градоначалничка Данела Арсовска не дојде на седницата, поради што реагираа од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Поради ова, претседателот на градскиот совет Трајко Славески ја прекина седницата за советнички прашања, но и ја одложи 34-тата редовна седница на Советот на град Скопје, која исто така требаше да се одржи денеска.

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска на денешната седница на Советот на град Скопје изјави дека градоначалничката не е присутна во салата на седницата кога треба да се одговара на советнички прашања, иако е нејзина должност и обврска да одговара на прашањата кои ги имаат граѓаните.

„Арсовска не е присутна, а треба да е тука и да одговори на прашањата на граѓаните, не е тука кога треба да се зборува за проблемите на граѓаните, не е тука кога се носи буџет или ребаланс на буџет, не е тука ни дури кога таа предлага свои точки да ги образложи и да каже што бара од овој совет“, истакна советничката Андоновска.

Антоновска прашува како Арсовска планира да го направи овој град поубав и модерен, како планира да ги исполни ветувањат,а кога не е присутна на Советот да зборува за проблемите кои го мачат Скопје и скопјани. Таа посочи и дека Советот на град Скопје е блокиран од градоначалничката Арсовска.

Заменик-градоначалникот на Скопје и советник во Советот на град Скопје од партијата ГРОМ Александар Трајановски им одговори на советниците од ВМРО-ДПМНЕ дека градоначалничката Данела Арсовска денеска била на терен на средба со граѓаните, а нејзиното отсуство не значело и непостоење на услови, бидејќи на седницата биле присутни претставници на сите градски сектори и претставници на јавните претпријатија и ова е во согласност со деловникот за работење на градскиот совет.

Откако Трајко Славески како претседател на градскиот совет ја одложи и редовната 34-та седница, со реакција се јавија и од Градот Скопје.

„Срамно и неодговорно е однесувањето на претседателот на Советот, Трајко Славески кој своеволно ја одложи седницата на Советот на Град Скопје на која требаше да се гласа за проекти кои се од клучно значење за скопјани“, стои во соопштението од Град Скопје.

Од таму тврдат дека наместо да се разговара за капитални проекти, Славески ја прекинал и одложил седницата на која требало да се најдат неколку круцијални инфраструктурни проекти, проекти кои значително ќе го подобрат животниот стандард на граѓаните на Скопје во неколку населби ширум градот, меѓу кои и изградбата на мега парк во Општина Карпош.

„Апелираме до Мицкоски навреме да им ги каже инструкциите на своите советници кои очигледно без негов амин не знаат како да гласаат кога станува збор за клучни инфраструктурни проекти во градот. На овој начин граѓаните барем ќе бидат свесни и ќе знаат кој работи во нивен интерес, а кој исклучиво гледајќи го тесно-партискиот и личниот бизнис интерес“, велат од Град Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...