Нобеловата награда за мир е доделена на иранска активистка која сè уште е во затвор

Во последните две децении таа била апсена 13 пати, осудувана е пет пати, односно на вкупно 31 година затвор и 154 удари со камшик

-

Активистката Наргес Мохамади е овогодишната добитничка на Нобеловата награда за мир поради нејзината долгогодишна борба за правата на жените. Таа моментално се наоѓа во озлогласениот затвор Евин во Техеран, пренесува Радио Слободна Европа.

Таа е активистка уште од времето кога била студентка. Работела како новинарка и активистка во различни организации за човекови права. Во последните две децении е уапсена 13 пати, осудувана вкупно пет пати, односно на 31 година затвор и 154 удари со камшик. 

Мохамади била уапсена поради нејзините ставови во врска со укинувањето на смртната казна во Иран како и нечовечниот третман на затворенички. 

Таа изрази поддршка за ланските протести во Иран, повторно од затвор. Инаку, тие протести беа поттикнати од смртта на 22 годишната Махса Амини, која умре во затвор откако беше уапсена поради прекршување на иранските закони во врска со носењето на хиџаб. 

Во снимка од евинскиот затворот која беше споделена со Си-Ен-Ен, може да се чуе Мохамади како го води скандирањето на слоганот „Жена, живот, слобода“ од ланските протести во земјата. Дополнително, се слушаат затвореничките како пеат персиска верзија на италијанската народна песна „Бела чао“, која своевремено служела како симбол против фашизмот и која беше прифатена од иранските активисти како симбол на отпор. 

Мирен собир на скопскиот плоштад за почит кон жртвите од трагедијата во Кочани

На плоштад Македонија во Скопје се собраа илјадници лица на мирен собир да оддадат почит на загинатите во трагедијата во Кочани. Атмосферата на плоштадот беше траорна, граѓаните молчешкум палеа свеќи и...

Студентите во Белград оддадоа почит на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани

Група студенти и граѓани на Белград денес се собраа пред зградата на амбасадата на Македонија, за да им оддадат почит на настраданите во дискотеката во Кочани. Собраните положија цвеќе, запалија свеќи...

НУНС: Недопустливо е бесрамното искористување на жртвите од трагедијата за лична промоција

Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ вчера во придружба на поголем број новинари, сниматели и фоторепортери ги посети државјаните на Македонија кои се повредени во пожарот во дискотеката во Кочани, а...

Погребот на жртвите во Кочани ќе биде в четврток

Лицата кои го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе бидат погребани во четврток, информираше денеска директорот на Центарот за упрвување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој кажа дека на...

Мирен собир на скопскиот плоштад за почит кон жртвите од трагедијата во Кочани

На плоштад Македонија во Скопје се собраа илјадници лица на мирен собир да оддадат почит на загинатите во трагедијата во Кочани. Атмосферата на плоштадот беше траорна, граѓаните молчешкум палеа...