Ниту Врховниот суд не бил консултиран за измените во Кривичниот законик

Од страна на Министерството за правда не беа доставени на мислење предметните измени на Кривичниот законик. Со тоа беше оневозможено Врховниот суд да даде мислење за донесените законски измени кои претставуваат прашање од висок јавен интерес, се вели во соопштението на Врховниот суд

-

Врховниот суд воопшто не бил побаран за мислење во однос на измените во Кривичниот законик што власта ги донесе по скратена постапка, а со кои се намалуваат или бришат казните за службените лица, за злоупотреба на службената положба, несовесно работење во службата и злосторничко здружување.

„Од страна на Министерството за правда не беа доставени на мислење предметните измени на Кривичниот законик. Со тоа беше оневозможено Врховниот суд да даде мислење за донесените законски измени кои претставуваат прашање од висок јавен интерес“, се вели во соопштението на Врховниот суд.

На денешната седницата било истакнато дека подготвувањето на законски измени кои имаат влијание врз судските постапки мора да биде спроведено низ транспарентен процес преку јавна дебата и стручна расправа.

„Сè друго е спротивно на заложбите за реформи на законодавството во согласност со европските стандарди. Врховниот суд на Република Северна Македонија секогаш давал поддршка на законски решенија кои придонесуваат за ефикасна борба против корупцијата и криминалот и поаѓајќи од тие заложби и во минатото немал забелешки за висината на казните за предметните кривични дела, ниту предложил нивно ублажување“, било заклучено на денешната седница.

Претходно, и од Антикорупциската комисија изјавија дека воопшто не биле запознаени за носењето на законските измени.

Утре е денот „Д“ за функционерите – почнуваат да се применуваат пониските казни од Кривичниот законик [инфографик]

 

Necromanser Eldritch -Diablo 4 -скриншот од лична архива на Иван Стојановски

Експанзијата „Vessel of Hatred“ на Diablo 4 доби одлични критики од гејмерите

Излегувањето на експанзијата Vessel of Hatred на Diablo 4 наиде на голем број одлични критики од страна на гејмерите ширум светот и е експанзија што фановите ја очекуваа од...