fbpx

Николиќ: Косово во УНЕСКО ќе биде расадник на нови судири

-

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, денеска им порача на амбасадорите на 80 земји акредитирани во Белград дека разгледувањето на барањето за прием на Косово во УНЕСКО негативно ќе влијае на дијалогот во Брисел и оти секој наметнат одговор би бил расадник на идни судири.

Николиќ наведе дека Србија е единствената земја во Европа на која неколкупати по ред ѝ одземаат делови од територијата и со тоа и културното наследство. Тој истакна дека е лицемерно објаснувањето дека тие што го уништувале културното наследство на Србија на Косово, сега подобро ќе го штитат.

Николиќ оцени дека е важно „чувар на своето и на светското културно наследство да остане Србија, како полноправна членка на организација УНЕСКО“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...