fbpx

Николиќ: ЕУ да не го условува членството на Србија со признавање на Косово

-

Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави дека Србија сака да стане дел од ЕУ, но бара Брисел да не го условува нејзиното членство со признавање на независноста на Косово.

– Нема да бидеме членка на каква било унија што ќе бара нешто такво од нас. Благодарен сум им на сите држави што не го признаа Косово – рече Николиќ.

Српскиот претседател рече дека без разлика на тоа дали нему му се допаѓа ЕУ каква што е, сепак, според него, во моментов „подобра Европа нема“.

Николиќ, сепак, не е оптимист дека земјите членки на ЕУ ќе постигнат консензус за членството на Србија во Унијата, но додаде дека ним не им останува ништо друго освен да преговараат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...