fbpx

Нападот на аеродромот во Брисел го извел бомбаш самоубиец

-

Белгискиот федерален обвинител потврди дека експлозиите на бриселскиот аеродром биле изведени од бомбаш самоубиец, при што загинале 13, а повредени се 35 лица. Бриселскиот аеродром ќе биде затворен до утре во 6 часот наутро.

По нападот на аеродромот, уште неколку експлозии одекнаа и во неколку метро-станици. Една од бомбите одекнала во метро-станица во близина на институциите на ЕУ. Европската комисија јави дека минува на портокалово ниво на тревога, што значи дека пристап во институциите на ЕУ имаат само вработени лица.

Белгиските власти прогласија највисоко четврто ниво на сигурност во целата земја по експлозиите на аеродромот и на метро-станиците.

Поради моменталната безбедносна ситуација во Брисел, властите го затворија целиот јавен превоз.

Премиерот Шарл Мишел соопшти дека владата внимателно ја следи ситуација и дека жртвите и пружањето помош на аеродромот имаат апсолутен приоритет. Тој ѝ препорача на белгиската јавност да избегнува какво било движење.

Минатата недела во Брисел беше уапсен и еден од главните осомничени за терористичкиот напад во Париз, Салах Абдеслам.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени се двајца украински безбедносни службеници поради заговор за атентат на Зеленски

Истражителите на украинската безбедносна служба спречиле руски заговор за атентат на претседателот на Украина Володимир Зеленски и други членови на највисокото воено и политичко раководство на земјата. Приведени се двајца...