fbpx

Теренската проверка на спорните гласачи ќе почне до крајот на неделава

-

Најдоцна до крајот на неделава ќе почне теренската проверка на спорните гласачи во избирачкиот список. Вкупно ќе се проверуваат 100.436 записи (имиња, презимиња и адреси), а проверката ќе ја спроведат вкупно 374 овластени анкетари. Работата на анкетарите ќе ја контролираат раководителите на подрачните единици на ДИК.

Теренските проверки ќе почнуваат наутро во 8.30 часот, а ќе траат до 19 часот.

Набљудување на целиот процес ќе можат да прават претставници на четирите најголеми политички партии во земјава.

Како што објаснија од ДИК, единствените што ќе можат да одговараат на прашањата на анкетарите се лицата чии податоци се предмет на истрага. Во случај ако при првата посета анкетарот не го најде бараното лице, тој треба да се врати наредниот ден. Ако повторно не го најде, ќе треба кај близок роднина или соседи да остави известување за лицето во рок од три дена да дојде во ДИК.

Ако по некоја случајност, регистрирани гласачи се најдат во јавни или непостоечки објекти, тој факт анкетарот ќе треба да го констатира во прашалникот.

Анкетарите ќе треба пред граѓаните да се претстават и да го покажат својот беџ и лична карта.

Во текот на денов, ДИК ќе ги објави прашалникот и листата со спорни гласачи на својата интернет-страница.

Како што рекоа од ДИК, засега не се предвидени казни за граѓаните, а бришењето на спорните гласачи ќе се врши во некоја наредна фаза.

ДИК објави дека ќе реализира медиумска кампања „Отворени врати“ и ги повика граѓаните да учествуваат во процесот на прочистување на гласачкиот список.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...