fbpx

Напад на полициска станица во Турција, тројца загинати

-

На југот на Турција, во близина на границата со Сирија, експлодира автомобил-бомба пред полициска станица. Убиени се двајца цивили и полицаец, а ранети се 30 луѓе.

Турската агенција „Анадолија“ објави дека на местото на експлозијата, во градот Мидијат, во јужната турска провинција Мардин, пратени се повеќе амбулантни коли.

Нападот следуваше по вчерашниот смртоносен напад на полициски автобус во туристичката зона во Истанбул, во кој беа убиени 11 и ранети 36 лица.

Премиерот Бинали Јилдрим на новинарите им рече дека нападот го извршиле припадниците на забранетата Курдистанска работничка партија.

Јилдрим рече дека бетонските бариери и другите безбедносни мерки пред седиштето на полицијата спречилe да има повеќе жртви.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност во рамки на Министерството за финансии на денешната седница донесе одлука за враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на нивото од пред...