вторник, 9 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Полициска Станица | 39 резултати

Лажни дојави за бомби во Загреб, „цел“ била и редакцијата на еден весник

14 јули 2023

По дојавите за бомби што рано утрово стигнале во неколку медиуми утрово, полицијата во Загреб, главниот град на Хрватска, извршила проверки и констатирала дека заканите се лажни, јави Хрватската радиотелевизија. Еден од објектите кои биле посочени како мети, била и зградата во која се наоѓа редакцијата на весникот „Јутарњи лист“, а во која седиште имаат […]

Полициска станица Аеродром времено се сели во населбата Лисиче

8 јуни 2023

Министерството за внатрешни работи извести дека Полициската станица Аеродром е привремено преместена од сегашната локација во Ново Лисиче во населбата Лисиче на ул. „Димитар Туриманџовски“ бр. 1. Преместувањето е направено затоа што на местото на стариот објект ќе се изгради нов објект на полициската станица, во склоп на проектот за обезбедување подобри услови за работа […]

Малолетнички од Скопје не биле „уапсени“, туку повикани на разговор во полициска станица

10 мај 2023

Од МВР за „Вистиномер“ потврдија дека ученичките биле само повикани на разговор во станица и не биле уапсени. Инаку, и во содржинскиот дел на текстот што се споделува во постот воопшто не се известува за никакво апсење, туку за повикување на разговор во полициска станица. Постои голема разлика меѓу „апсење“ и „повикување на разговор во […]

Не е точно дека момче било отруено со дрога во пијалак во кафуле

20 март 2023

Официјалниот став на МВР е дека смртта настанала поради повреди од пад од висина. Токсиколошката анализа во моментот на објавувањето на овој текст не е готова. Професорката Виолета Ачкоска деновиве објави на Фејсбук дека „гимназијалец бил отруен со дрога ставена во пијалак во кафуле“, а нејзиниот статус без никаква проверка беше преземен од повеќе медиуми […]

Стаорци изеле дрога во полициска станица во Индија, не во С. Македонија

11 декември 2022

Текстот  нема никаква поврзаност со С. Македонија, настанот се случил во Индија и индиската полиција соопштила дека стаорци изеле 200 килограми запленет канабис. Насловот на текстот споделен во постот претставува типичен пример на комбинација од „кликбејт“ (clickbait) и недостаток на контекст (missing context). Го измамува читателот кога ќе го види споделен на социјалните мрежи, да […]

Момчето што е приведено, не значи и дека е виновно за лажните закани за бомби во скопските училишта

4 ноември 2022

Во полициското соопштение јасно стои дека лицето е приведено „поради постоење на сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби“. Никаде, наспроти изнесеното во постот што го рецензираме, не се вели дека токму тоа лице е „момчето што ги пријавило бомбите во училиштата“. Објавата на Фејсбук, а и самиот медиумски наслов, без почитување на презумпција […]

Нухиу: Петмина полицајци позитивни на корона вирус

30 март 2020

Заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на својот Фејсбук профил претпладнево напиша за пет случаи со корона вирус во полицијата. Напомена дека ризик постои во полициската станица „Петровец“. – Потврдено дека имаме позитивни петмина вработени во полицијата, додека во полициската станица „Петровец” постои реален ризик. Ги повикуваме вработените во полицијата за поголемо внимание во соочувањето […]

Бомбашки напад на полициска станица во Колумбија, најмалку петмина загинати

28 јануари 2018

Најмалку пет полицајци загинале, а 41 е повреден во експлозија на бомба во полициска станица во колумбискиот град Баранкиља, соопштиле властите во земјата, пренесуваат агенциите. – Нема сомнеж дека станува збор за одмазда поради неодамнешните успешни полициски акции против трговијата со дрога – изјвил Алехандро Чар, градоначалник на Баранкиља. Како што јавуваат агенциите, еден од […]

Нухиу: Ќе се гони секој прекршител на законот дури и ако е полицаец или функционер

1 јануари 2018

Заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска при работната посета на Полициската станица Гостивар порача дека годинава ќе се води остра борба со криминалот и со корупцијата и притоа нема да бидат поштедени ниту полицајците ниту луѓето од државната управа. – Сакам да го повторам ставот дека ќе имаме нов и поагресивен пристап во борбата […]

Таравари побара од командирот на полицијата во Гостивар да не ги казнува иселениците

26 декември 2017

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, со службен допис се обратил до командирот на полициска станица Гостивар, Гази Абдурахмани, барајќи тој и полицајците да бидат потолерантни и покоректни кон иселениците што се вратени во родниот крај за време на новогодишните празници. „Од позиција на градоначалник на Гостивар и како граѓанин на овој град, барам вашите […]

ВМРО-ДПМНЕ реагира за унапредување полицајци во Гевгелија и за автопатот Демир Капија – Смоквица

12 октомври 2017

ВМРО-ДПМНЕ денеска на две прес-конференции го обвини владејачкиот СДСМ дека е во паника и за партиски интереси деградира и унапредува полицајци, како и дека намерно не го пуштил во употреба автопатот Демир Капија – Смоквица, иако бил готов. – СДС ги губи изборите и во Гевгелија. Затоа Спасовски е во паника и носи решенија спротивни на […]

МВР: Девет лица повикани на разговор за тепањето на Елвис Бајрам

3 октомври 2017

Досега се идентификувани и повикани на разговор девет лица кои учествувале во тепачката вчеравечер во населбата Шуто Оризари, во која тешки телесни повреди доби Елвис Бајрам, досегашен градоначалник на општина Шуто Оризари и кандидат за таа функција на локалните избори на 15 октомври, рече портпаролот на МВР, Тони Ангеловски. Тој рече дека откако полицијата добила […]

Едмонд Темелко е во полициска станица во Скопје

26 септември 2017

Градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, обвинет во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности во 2013 година, е во полициска станица, велат од МВР, не појаснувајќи дали сам се пријавил или бил приведен од полицијата. По распитот во полициска станица, Темелко, според решението на судот, треба да биде спроведен во 30-дневен притвор во истражниот затвор во Шутка. […]

Четири луѓе вчера биле пријавени за исчезнати

10 август 2017

Во текот на вчерашниот ден, во полиција четири лица биле прогласени за исчезнати. Како што се дознава од полицискиот билтен, исчезнатите се од скопското село Црешево, Тетово, кавадаречкото село Сопот и од Скопје. Б.П. (73) од скопското село Црешево во полициската станица Гази Баба вчера пријавил дека во петокот од дома излегол неговиот 35-годишен син […]

Пукано во Никола Тодоров во близина на Министерството за здравство

1 јуни 2017

Поранешниот министер за здравство и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, претпладнево бил нападнат во непосредна близина на зградата на Министерството за здравство, потврдија за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи. Сторителот, како што велат од МВР, бил веднаш приведен во полициска станица. Засега нема информации дали Тодоров е повреден во инцидентот. Според очевидци, […]

Полицијата пронашла 15 мигранти кои нелегално биле превезувани

26 февруари 2017

Полициски службеници, на автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на местото Авлак, забележале возило „крајслер“ со повеќе лица, кое со голема брзина се упатило кон Скопје. Од страна на полициските службеници во близина на Удово возилото било сопрено, а возачот избегал. При преглед на возилото, утврдено е дека регистарските ознаки се од друго возило, кои на 31 јануари […]

Петнаесетгодишно девојче од Гази Баба заминало на училиште и не се вратило

28 јануари 2017

Во полициската станица во Гази Баба, М.Н. (20) од Скопје пријавила дека на 27 јануари, во 6 часот, од дома во непознат правец се оддалечила нејзината петнаесетгодишна сестра. Таа, според пријавителката, отишла на училиште и не се вратила дома. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Лицето што се заканило со напад на зградата на Владата било незадоволно од системот

28 јануари 2017

Вчера во 17.40 часот, на телефонскиот број 192, од мобилен телефон се јавил маж во видно алкохолизирана состојба и без да се претстави рекол дека „за 16 минути две ракети ќе бидат испалени кон зградата на Владата на Република Македонија за да ја уништат“, информираат од МВР. – Министерството за внатрешни работи презеде мерки и […]

Претепан полицаец на должност во полициската станица во Струга

15 декември 2016

Стружанецот И.М.(27), доцна синоќа, во кругот на полициската станица во Струга, физички нападнал полициски службеник кој бил на работното место обезбедување на полициската станица. – Во 21.55 часот, во кругот на полициската станица влегло возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на лицето Ж.П. од Струга. Во тој момент полицискиот службеник се упатил […]

Рибокрадци фатени со пет мрежи и со 12 килограми белвица

1 декември 2016

Полицијата на дело фати и приведе четворица рибокрадци на плажата кај хотел „Белви“, синоќа околу 19.30 часот, во водите на Охридското Езеро. Полициски службеници ги затекнале лицата Б.Б., Р.Б., С.Б. и З.Ц. при излегување од водата. Во чамецот се пронајдени и привремено се одземени 117 парчиња риба белвица, со вкупна тежина од 12 килограми, и пет […]

Страна 1 од 2