fbpx

Претседателот на Синдикатот на контролори на летање не бил приведен, туку повикан на службен разговор

Приведување, според Правилникот за начинот на вршење на полициските работи, член 15, се дефинира како „службено дејствие кое го преземаат полициските службеници врз основа на писмена наредба издадена од надлежен суд заради спроведување на лице во просториите на Полицијата, друг надлежен државен орган или до местото одредено со наредбата

-

Тасевски не бил приведен, туку повикан на информативен разговор, а тоа го потврдија и од Министерството за внатрешни работи (МВР) и самиот Тасевски. Приведување, според Правилникот за начинот на вршење на полициските работи, член 15, се дефинира како „службено дејствие кое го преземаат полициските службеници врз основа на писмена наредба издадена од надлежен суд заради спроведување на лице во просториите на Полицијата, друг надлежен државен орган или до местото одредено со наредбата“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Анализираме објава на Фејсбук во која се тврди дека претседателот на Синдикатот на контролори на летање Александар Тасевски, бил приведен во полиција.

Приведен претседателот на Синдикатот на контрола за летање – ГО ПРИЈАВИЛЕ ДИРЕКТОРИТЕ, СЕ ЧУВСТВУВАЛЕ ЗАГРОЗЕНИ ОД НЕГО! – стои во објавата.

Во објавата се споделува и напис со ист наслов во кој се наведува:

Претседателот на Синдикатот во контрола на летање, Александар Тасевски денеска бил приведен во полициска станица по пријава од менаџментот на М-НАВ дека им упатувал закани преку „Фејсбук“.

Информацијата дека Тасевски бил приведен во полиција можеше да се најде и во други објави на Фејсбук (тука, тука, тука, тука, и тука… ).

 

Има разлика меѓу приведен и повикан

Но, оваа информација не е точна. Имено, Тасевски не бил приведен, туку повикан на службен разговор, а тоа го потврдија и од Министерството за внатрешни работи (МВР) и самиот Тасевски.

Во врска со дезинформациите кои се пласираат во одредени портали во врска со извршениот службен разговор со А. Т., вработен во М-НАВ, ја информираме јавноста дека Министерството за внатрешни работи постапува како и секогаш, согласно законските обврски. Секогаш кога ќе биде поднесена пријава од граѓанин за заканување или заплашување, МВР го поканува лицето против кое е поднесена пријава за да се изврши службен разговор. Тоа е направено и во конкретниот случај. По добиената пријава од Ф. Х. и Д. Х., раководни лица во М-НАВ за испратени закани по меил од страна на А. Т., извршена е консултација со јавен обвинител, по што е направен записник за примање пријава. На 3 јануари 2024 г. со покана е повикан А. Т. и со него е извршен службен разговор. Напоменуваме дека лицето не е лишено од слобода, туку е извршен службен разговор со цел расчистување на случајот. По документирање на случајот, до ОЈО ќе биде доставен соодветен поднесок за нивно натамошно постапување“, соопштија од МВР.

Тасевски на прес-конференција одржана на 4 јануари 2024 година, изјави дека бил повикан телефонски на разговор во Секторот за насилен криминал при Министерството за внатрешни работи.

Во текот на вчерашниот ден, утрината, телефонски бев повикан во Секторот за насилен криминал при Министерството за внатрешни работи, каде што ми беше презентирана пријава од страна на двајца од тројцата директори, Фахрудин Хамиди и Хасим Деари, коишто поднеле кривична пријава против мене врз база на имејл кој бил доставен до нив, поради наводно чувствување загрозеност на нивните животи и сигурност, по член 144 став 2 од Кривичниот законик, рече меѓу другото Тасевски.

Видеото од неговата изјава може да се погледне тука  (од 1:05 до 1:50 минута).

 

Полициски правилник јасно го дефинира приведувањето

Приведување, според Правилникот за начинот на вршење на полициските работи, член 15, се дефинира како „службено дејствие кое го преземаат полициските службеници врз основа на писмена наредба издадена од надлежен суд заради спроведување на лице во просториите на Полицијата, друг надлежен државен орган или до местото одредено со наредбата“.

Од сето погоре може да се заклучи дека Тасевски не бил приведен во полиција, туку бил повикан на службен разговор, бидејќи имало пријава против него за закани. Информацијата дека имало негово приведување, како што беше пренесена во неколку објави на Фејсбук, е неточна.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...