Граѓани донираа 15.528 евра за казнетите демонстранти

-

Граѓаните собраа 1.405 евра, 40 долари и 878.360 денари или, вкупно, 15.528 евра на вчерашниот настан во кафе-бар „Излет“ за поддршка на демонстрантите на „Шарената револуција“ што се соочуваат со прекршочни и со кривични пријави и за кои, како што велат, „режимот подготвува високи казни“.

Од „Шарената револуција“ изјавија дека се презадоволни од одзивот на вчерашниот настан.

– Презадоволни сме од одзивот на граѓаните на вчерашниот настан. Парите ќе бидат уплатени на жиро-сметка – изајви за „Мета“ Павле Богоевски од „Шарената револуција“.

Износот на собраната сума е објавен на фејсбук-страницата на кафе-бар „Излет“, местото каде што се одвиваше оваа акција.

Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од Јужноафриканци кои бегаат од „геноцид“

Доналд Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од бели Јужноафриканци кои ги напуштиле своите фарми, повторувајќи неоснована теорија на заговор дека белците во Јужна Африка систематски се убивани и нивната...

Сиљановска-Давкова: Културата е најмоќниот ресурс на малите народи и треба да го добие вистинското место во дипломатијата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на домаќинка, се обрати на третата сесија на Форумот за културна дипломатија, што се одржува под покровителство на поранешниот македонски претседател, Ѓорге Иванов. Говорници на сесијата беа:...

Силен земјотрес во морето северно од Крит, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди морскиот регион североисточно од грчкиот остров Крит утрово во 6:19 часот по локално време, објави грчки Катимерини. Епицентарот бил...

Сè уште не е изграден ветениот кружен тек во Ѓорче Петров

Факт е дека Град Скопје и Општина Ѓорче Петров имаа три и пол години  да го изградат кружниот тек меѓу улиците „Ѓорче Петров“ и „Македонска војска“. Дури и под претпоставка сега...

Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од Јужноафриканци кои бегаат од „геноцид“

Доналд Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од бели Јужноафриканци кои ги напуштиле своите фарми, повторувајќи неоснована теорија на заговор дека белците во Јужна Африка систематски се убивани...