fbpx

Најмалку пет цивили загинаа во руските ракетни напади врз украински градови

Руските ракетирања врз цивилни цели продолжиле во различни делови на Украина и во изминатиов ден

-

Руската агресија врз Украина продолжила со исто темпо во изминативе 24 часа, при што најмалку пет цивили загинале во ракетните напади врз невоени објекти. Четворица цивили загинале, а тројца се повредени во гранатирањето на населени места во Донецкиот регион, јавува Укринформ. Ракетни напади врз цивилни цели биле извршени врз градовите Торецк, Авдивка и Торске.

Гранатирање на населени места имало и во Херсонскиот регион, при што еден цивил загинал како последица на 224 ракети истрелани од руските сили во изминативе 24 часа, пренесува Укринформ.

Украинските сили успеале да уништат 14 од вкупно 17 лансирани камикази-дронови од руските сили. Еден од дроновите погодил индустриски објект во приморскиот град Одеса, но не се регистрирани жртви во нападите, пишува Гардијан. Ракетирања врз населени места имало и во регионот Суми во североисточниот дел на Украина.

И покрај руските тврдења дека успеале да го освојат центар на Бахмут во неодамнешните напади, Јуроњуз пишува дека украинските војници продолжуваат да се борат во овој град од Донецкиот регион. Истовремено се одвива операцијата за извлекување на преостанатите жители на Бахмут на сигурни локации. И покрај ова, не се знае точниот број жители кои останале во овој град, во кој неколку месеци се водат жестоки борби меѓу руските и украинските сили.

Министерството за одбрана на Обединетото Кралство во најновиот извештај наведува дека Русија можеби планира развој на алтернативни приватни компании кои евентуално би можело да ја заменат платеничката војска на Вагнер на бојното поле, пренесува Гардијан.

„Руското воено раководство најверојатно сака замена на приватната воена компанија со некоја врз која ќе има поголема контрола. Сепак, не постои друга руска приватна воена компанија која се доближува до големината или моќта што ја има Вагнер“, се наведува во извештајот на Министерството за одбрана на Обединетото Кралство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...