fbpx

На Јанева не ѝ даваат да дише – секој ја кани, куди и ја прозива

-

Името на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, минатата седмица, а според редот на најавените настани и оваа недела ќе биде најспоменувано. Сите ја канат, а по нејзиното недоаѓање, ја кудат и ја обвинуваат за непочитување на институциите.

А работата поради која овие две недели не ја остават да дише е извештајот за нејзината шестмесечна работа.

Минатата недела Јанева до Собранието и до Советот на јавни обвинители го достави извештајот, по што следуваа закажувања на седници за негово разгледување и покани до Јанева за нејзино присуство.

Четири дена подоцна, кога Советот на јавни обвинители требаше да го разгледува извештајот, а за што, според претседателот Петар Аневски, пристуството на Јанева било неопходно, тој седницата ја презакажа за в среда и повторно ја повика Јанева да дојде.

И Собраниската комисија за политички систем и нејзиниот претседател Владимир Ѓорчев денеска ја одложија седницата на која требаше да се расправа за извештајот. Тој ја обвини Јанева дека не ги почитува институциите, уставот и законите и ја повика да дојде утре, за кога ја презакажа седницата.

Седницата треба да почне во 11 часот, а еден час порано специјалната обвинителка е поканета да учествува и да говори на конференцијата на тема „Ефективна борба против корупцијата на високо ниво: прашање на личност или на систем?“, на која гостинка и учесник ќе биде романската главна обвинителка во Националниот директорат за антикорупција (ДНА), Лаура Кодрута Ковеси.

Покрај Јанева, на конференцијата е поканет и републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски. Настанот, кој ќе се одржи во хотелот „Холидеј ин“, според најавите, ќе го отворат министерот за правда, Аднан Јашари, и амбасадорот на САД, Џес Бејли.

Јанева своето недоаѓање на седниците го оправдува со ставот дека нема законска обврска за тоа и посочува на автономијата на институцијата со која раководи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...