МРТ официјално работела со добивка, но со намален број на вработени во првите шест месеци

-

Македонската-радио телевизија (МРТ) официјално остварила позитивен финансиски резултат од работењето во првите шест месеци од 2020 година, иако приходите од државниот буџет и понатаму остануваат главен извор на над 85 отсто од приходите на јавниот сервис, покажуваат Извештаите за финансиското работење на МРТ за првиот и вториот квартал од 2020 година.

Во првата половина од годинава, Националната радиотелевизија остварила вкупни приходи од околу 8 милиони евра, додека расходите изнесувале над 6,8 милиони евра. Притоа, барем официјално, остварен e позитивен финансиски резултат од работењето во висина од 1,2 милиони евра.

И покрај ова, во документите се бележи дека на приходната страна има огромно намалување кај планираните приходи од продажба на рекламно време, како и на приходите што биле планирани од странство. Она што во целост е реализирано се префрлените средства од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

На расходната страна, значително се намалени трошоците за програмски права во однос на она што било предвидено, а има опаѓање и на расходите кај патните трошоци и заедничките трошоци, при што во предвид треба да се земе и влијанието на пандемијата на ковид-19 врз работењето на МРТ.

Најзагрижувачки се и понатаму податоците за бројот на вработени во јавниот радиодифузен сервис, кои би требало да создаваат квалитетна радио и телевизиска програма. Заклучно со 30 јуни 2020 година, бројот на вработени во Националната радиотелевизија изнесувал 752 или за 16 лица помалку во однос на крајот на минатата година. Притоа, во првото полугодие МРТ не вработила ниту едно лице на испразнетите позиции.

МИОА пролетва ја одобри новата систематизација на работните места во МРТ, со која планирано е да се зајакне постојниот кадар со дополнителни 460 вработувања. Сепак, ова министерство треба да ги одобри и Планот за вработување и прераспределување на вработените, за што им е потребна согласност и од Министерството за финансии. „Мета.мк“ веќе пишуваше дека над половина од работните места што недостасуваат во јавниот сервис се токму новинари и креативен кадар што треба да создава радио и ТВ програма.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...