fbpx
Таг: добивка

таг: добивка

Цените на храната не го ништат профитот на прехранбената индустрија [инфографик]

Холандски кашкавал во супермаркетите е поевтин од домашниот, исто како што увозното пиво е поевтино од македонските. Граѓаните кои секојдневно купуваат храна се прашуваат како е ова можно, а апсурдната ситуација продолжува и откако владата утврди „гарантирана цена“ за дел од прехранбените производи до крајот на 2023 година. Податоците кои ги анализираше Мета.мк покажуваат дека најголемиот дел од прехранбените...

Сител имал најголеми приходи, Алфа била најпрофитна телевизија лани, МРТ останува проблем (инфографик)

Вкупните приходи на македонските радио и телевизиски станици во 2019 година изнесувале околу 39,5 милиони евра, покажува Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2019 година. Од нив, најголем дел од приходите биле остварени од комерцијалните телевизии што емитуваат програма на национално ниво, како и од Македонската радио-телевизија како јавен радиодифузен сервис. Приходите на МРТ лани биле...

МРТ официјално работела со добивка, но со намален број на вработени во првите шест месеци

Македонската-радио телевизија (МРТ) официјално остварила позитивен финансиски резултат од работењето во првите шест месеци од 2020 година, иако приходите од државниот буџет и понатаму остануваат главен извор на над 85 отсто од приходите на јавниот сервис, покажуваат Извештаите за финансиското работење на МРТ за првиот и вториот квартал од 2020 година. Во првата половина од годинава, Националната радиотелевизија остварила вкупни...

Банките со рекордни профити, странци го собираат кајмакот

Банкарскиот систем во земјава лани остварил добивка од работењето во износ од 8,4 милијарди денари или околу 136 милиони евра, што во споредба со претходната година е зголемување за 27,4 отсто, покажува најновиот годишен извештај за ризиците во банкарскиот сектор на Народната банка. Најголема причина да бидат задоволни од ваквите резултати се сопствениците на банките, од кои мнозинство се акционери...

ЕЛЕМ оствари добивка од речиси 30 милиони евра лани

ЕЛЕМ лани заврши со добивка од 29.827.097 евра, што ја прави 2018-та, најуспешна финансиска година од постоењето на компанијата, информираат од таму. „Големата добивка пред се се должи на ефикасното работење на АД ЕЛЕМ, но и на одлично изведените и синхронизираните продажби на вишоци на електрична енергија со просечна цена за околу 50 проценти повисока од регулираната цена на електрична...

Бахамите и Бермудите меѓу петте најголеми странски инвеститори

Во Македонија лани влегле странски инвестиции од 624 милиони евра што е рекордно ниво од 2010 година наваму. Од вкупните инвестиции 404 милиони евра се директни инвестиции, а 220 милиони евра се нераспределена добивка односно реинвестирање на средства од странски компании кои подолг период работат во земјава. На листата на петте најголеми странски инвеститори во минатата година се Велика Британија...

Банките остварија рекордна добивка од 124 милиони евра за девет месеци

Банките во Македонија заклучно со септември, годинава остварија добивка по оданочување во износ од 7,6 милијарди денари или 124 милиони евра, што е зголемување за 70 отсто во споредба со првите девет месеци од минатата година и највисок профит на банкарскиот сектор во историјата на земјава. Од Народната банка во најновиот Извештај за ризиците во банкарскиот сектор во третиот квартал...

НЛБ – Скопје наплатила повеќе од два милиони евра за кражбата

НЛБ - Скопје од осигурителна компанија наплатила 80 отсто од штетата направена со кражбата во април 2017 година, се дознава од билансот на успех за 2017 година, што банката го објави. Преостанатиот дел од штетата, во износ од 35,241 милиони денари, банката го евидентирала како трошок во билансот на успех заклучно со 31 декември 2017 година на позицијата останати расходи...

Централен регистар го оштетил буџетот за 22 милиони денари

Претходното раководство на Централен регистар, добивката од 22 милиони денари за 2016 година наместо во буџетот на Република Македонија, ја исплатил на градежната компанија АД „Бетон“, информираат од Влада. Исплатата била на барање на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор, бидејќи компанијата „Бетон“ ја градела зградата каде што сега е сместена оваа институција, без...

Политичката криза лани ја намалила кредитната активност на банките

Кредитите на банките ја завршија 2016 година со пораст од само 1,2 отсто, што е значително послабо остварување во споредба со претходната година, кога тој изнесуваше 9,7 проценти, велат од Народна банка во нивниот годишен извештај за 2016 година. „Сепак, движењата на кредитите во голема мера беа условени од измената во постојната регулатива од страна на Народната банка, според која,...

НБРМ: Банките се изложени на ризик од идно зголемување на каматните стапки

„Банките се изложени на ризик од идно зголемување на каматните стапки, но широката примена на прилагодливите каматни стапки во договорите за кредити и за депозити вршат замена на овој вид ризик. Притоа се презема индиректен кредитен ризик поради чувствителноста на кредитоспособноста на клиентите од нагорни промени на каматните стапки“, се вели во соопштението на Народна банка. Во текот на првите...

„Скопски пазар“ ја зголеми добивката за 18 отсто

„Скопски пазар“ во првите девет месеци од годинава оствари добивка од 40.405.000 денари, што е зголемување за 18 отсто во однос на истиот период од минатата година, кога компанијата реализира добивка од 34.205.000 денари. Податоците во финансискиот извештај на компанијата објавен на Македонската берза покажуваат дека приходите од продажба опаднале за 111,4 милиони денари (1,8 милиони евра) во споредба со...

Топлификација со добивка од 24 милиони денари

Поединечната добивка на Топлификација АД изнесува 7,670 илјади денари
Групацијата „Топлификација“ за период од 1 јануари до 30 септември 2014 година, остварила нето-добивката од 24.526.000 денари, додека поединечната добивка на„ Топлификација“ АД изнесува 7.670.000 денари, соопштија од компанијата. „Во 2014 година, во согласност со сметководствената политика, заклучно со септември 2014 година, „Топлификација“ АД има евидентирано исправка на вредноста на побарувања врз основа на камати во износ од 42.080.000 денари и амортизација на основните средства за девет месеци од...

„Алкалоид“ со зголемени извоз и добивка

Во периодот јануари – септември 2014 година во „Алкалоид“се реализирани 54 нови вработувања
Фармацевтската компанија „Алкалоид“ од Скопје во периодот од јануари до септември годинава оствари позитивни финансиски резултати, а според неревидираните единечен и консолидиран биланс на успех, објавени на Македонска берза, компанијата остварила пораст на извозот од 11 отсто, на добивката за 4 отсто и вработила 54 лица во производните погони во земјава. Во единечниот биланс на успех, остварените единечни продажби во износ...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...