вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: јавен сервис | 24 резултати

Извештај на ЕК: Државата да ги приоритизира реформите за финансиска стабилност и независност на МРТ

октомври 7, 2020

Европската комисија (ЕК) во Извештајот за напредокот на нашата земја за 2020 година упатува забелешки за неспроведување на реформите во Македонската радио-телевизија (МРТ). Во делот за слобода на изразување, ЕК нотира дека минатогодишните препораки остануваат на сила. Прва на листата е токму приоритизирањето на реформите во МРТ преку обезбедување на нејзината финансиска одржливост и независност, […]

МРТ лани имала 232 новинари или 29 отсто од вкупниот број вработени во јавниот сервис

октомври 1, 2020

Македонската радио-телевизија (МРТ) на крајот на минатата година имала вкупно 814 вработени лица, од кои 768 во редовен работен однос, додека 46 биле хонорарно ангажирани. Од вкупниот број на вработени во јавниот сервис, 232 биле новинари, додека дури 80 биле уредници на радио и телевизиските програми. Новинарите учествувале со 29 отсто во вкупниот број на […]

Сител имал најголеми приходи, Алфа била најпрофитна телевизија лани, МРТ останува проблем (инфографик)

септември 28, 2020

Вкупните приходи на македонските радио и телевизиски станици во 2019 година изнесувале околу 39,5 милиони евра, покажува Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2019 година. Од нив, најголем дел од приходите биле остварени од комерцијалните телевизии што емитуваат програма на национално ниво, како и од Македонската радио-телевизија како јавен радиодифузен сервис. […]

МРТ догодина очекува да добие 1 отсто од државниот буџет, но за ова нема одговор од државните институции

септември 14, 2020

Македонската радио-телевизија (МРТ) очекува догодина да добие финансиски средства во износ од еден отсто од реализираните вкупни приходи на државниот буџет за годинава. Јавниот радиодифузен сервис ја објави Предлог-годишната програма за работа за 2021 година, во која се наведува дека согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги догодина треба да добијат значителни повисоки средства […]

СДСМ со неколку ветувања за развојот на медиумската сфера во новиот мандат

септември 3, 2020

Владејачката СДСМ пред изборите на медиумските организации јавно им вети брзо формирање на новите управувачки органи на Македонската радио-телевизија и на медиумскиот регулатор во рамките на медиумските реформи. Одговарајќи на јавно упатените прашања од страна на Здружението на новинари на Македонија и на другите новинарски и медиумски организации, СДСМ вети дека веднаш по заокружување на […]

Алсат-М и Македонско радио со казни, Телма куртули од судска казна за известувањето за време на изборите

септември 3, 2020

Основниот кривичен суд и Апелациониот суд во Скопје делумно ги прифатија прекршочните постапки што Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ги поднесе против медиумите за нивното известување за време на изборната кампања и во периодот на изборниот молк на парламентарните избори што се одржаа на 15 јули. Апелациониот суд ја прифати жалбата на […]

МРТ официјално работела со добивка, но со намален број на вработени во првите шест месеци

август 4, 2020

Македонската-радио телевизија (МРТ) официјално остварила позитивен финансиски резултат од работењето во првите шест месеци од 2020 година, иако приходите од државниот буџет и понатаму остануваат главен извор на над 85 отсто од приходите на јавниот сервис, покажуваат Извештаите за финансиското работење на МРТ за првиот и вториот квартал од 2020 година. Во првата половина од […]

ААВМУ: МРТ генерално обезбедила избалансираност во известувањето во изборната кампања

јули 23, 2020

Четирите програмски сервиси на Македонската радио-телевизија (МРТ) генерално обезбедиле избалансираност во вестите во поглед на изборното медиумско известување, но ригидните математички формули од Изборниот законик ги покажаа своите слабости и на овие избори. Ова се главните заклучоци на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) во Извештајот од изборното медиумско претставување за предвремените парламентарни […]

ОДИХР: МТВ се придржуваше до одредбите од Изборниот законик за известување во текот на кампањата

јули 17, 2020

Специјалната мисија за проценка на изборите (СМПИ) на ОБСЕ/ОДИХР во Изјавата за прелиминарните наоди и заклучоци за предвремените парламентарни избори одвои посебно мислење и за медиумското известување на јавниот сервис. Во објавениот документ се вели дека информативните емисии на МРТ во текот на кампањата се регулирани со прецизни одредби во Изборниот законик, кои пак биле […]

ААВМУ: И првата програма на Македонското радио вчера го прекршила изборниот молк

јули 15, 2020

Во рамките на својот изборен мониторинг, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), констатираше дека вчера, 14 јули, Првиот програмски сервис на Македонско радио во неколку дневноинформативни изданија емитуваше прилози за активности на Министерството за внатрешни работи за спречување потенцијален криминал поврзан со изборниот процес, во кои е емитувана изјава од прес-конференција на носител […]

Бавната динамика на реформите во медиумите во земјава ја загрозува европската интеграција

јуни 30, 2020

Исполнувањето на реформите во сферата на медиумите во нашата земја што произлегоа од Договорот од Пржино, сè уште не е целосно завршено. Земјата се движи со бавни чекори кон подобрување на медиумската сфера, што е услов за пристапување во Европската унија, пишува „Порталб.мк“. Според домашните и меѓународните извештаи, нема доволно безбедност за новинарите и воопшто […]

МРТ треба да вработи повеќе новинари, да отвори дописнички центри во земјава и да има дописници од регионот

мај 25, 2020

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) не се изненадени од податоците во најновиот Правилник за систематизација на работните места во Македонската радио-телевизија (МРТ), кој покажува дека на јавниот сервис му недостигаат 469 вработени, од кои 202 се новинари. Според информациите на ЗНМ, нема јавно достапна анализа […]

На МРТ ѝ требале уште 469 вработени, во моментов ангажирани 755 лица (инфографик)

мај 4, 2020

На Македонската-радио телевизија (МРТ) ѝ недостасуваат 469 вработени, според најновиот Правилник за систематизација на работните места што го усвоил Програмскиот совет на МРТ на седницата одржана на 23 април годинава. За извршување на работните задачи во јавниот радиодифузен сервис е утврдено дека се потребни 1.224 извршители, додека во моментов се пополнети 755 работни места во […]

Совет на Европа: Слободата на изразување клучен фактор за способноста на медиумите да известуваат за Ковид-19

април 27, 2020

Слободата на изразување, вклучувајќи го и слободниот и навремен проток на информации, е клучен фактор за способноста на медиумите да известуваат за прашања поврзани со пандемијата со Ковид-19, се наведува во Упатството на Советот на Европа до владите ширум Европа за почитување на демократијата, владеењето на правото и човековите права во рамки на санитарната криза […]

Приходите на МРТ продолжиле да опаѓаат и лани, заедно со бројот на вработени (инфографик)

април 2, 2020

Македонската-радио телевизија (МРТ) во 2019 година остварила вкупни приходи од 15,1 милиони евра или за 300.000 евра помалку во однос на 2018 година, се вели во Годишниот консолидиран извештај за 2019 година на ЈРП МРТ. Приходите на јавниот радиодифузен сервис опаѓаат веќе петта година по ред, при што лани истите биле намалени за околу 5,7 […]

Саморегулацијата на порталите тема на најновиот број на публикацијата „Новинарството како јавно добро“

декември 27, 2019

Темата „Регулација наспроти саморегулација“ е обработена во декемвриското издание на публикацијата „Новинарството како јавно добро“, која што ја издава Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Во анализата на авторката Антоанела Димитриевска се вкрстуваат мислењата на новинарската фела во врска со саморегулација на македонскиот интернет простор. Преку анализа на ставовите на медиумски експерти, новинари […]

Приходите на МРТ во континуиран пад – лани помали за 26 отсто во споредба со 2015 (инфографик)

декември 20, 2019

Македонската радиотелевизија (МРТ) бележи континуиран пад на вкупните приходи од работењето во изминативе четири години. Финансиската анализа за националниот радиодифузен сервис покажува дека вкупните приходи во 2018 година изнесувале 15,4 милиони евра, што е за 26 отсто помалку во споредба со 2015 година. Како што покажува анализата „Финансиското работење на државните претпријатија под лупа“ на […]

„Крај на програмата“ ѝ порачаа демонстрантите на МРТВ

мај 7, 2016

„Шарената револуција“ вечерва ја обои зградата на МРТВ и му порача на јавниот сервис „Крај на програмата“. Фокусот на денешниот протест беше дека МРТВ е јавен сервис на граѓаните и дека негова задача е да работи професионално, а не партиски. Демонстрантите напишаа „Крај на програмата“ и ја обоија зградата на Македонско радио #ШаренаРеволуција #Протестирам pic.twitter.com/VuEYiZnXCf […]

„Шарената револуција“ денеска ќе бара департизација на МРТВ

мај 7, 2016

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ денеска ќе одржи протест во чиј фокус ќе биде работата и информирањето на јавниот сервис, односно „Македонска радио-телевизија“. „Само информирани граѓан(к)и можат да носат информирани одлуки. Задача на „Македонска радио-телевизија“, како јавен радиодифузер, е да известува професионално и непристрасно за настаните. Меѓутоа, овој јавен сервис е отуѓен од народот и е слуга […]

Владата бара УЈП да ѝ дозволи на МРТВ да го плаќа долгот на рати

март 2, 2016

Владата на итна седница попладнево донела заклучок на УЈП и на МРТВ да им се укаже да спроведат законска постапка за одложување на даночниот долг, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, објави „Телма“. Тоа значи да се репрограмира долгот, односно да се создаде можност тој да се плати на повеќе рати, а сметката на јавниот сервис да […]

Страна 1 од 1