Нови 75 случаи на ковид-19, 136 оздравени и пет починати лица

Во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство. Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал и 136 оздравени пациенти, а починати се пет лица.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.202, бројката на оздравени пациенти е 7.108, на починати е 505, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.589.

Досега во земјата се направени вкупно 106.877 тестирања на ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, еден на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и три деца позитивни, како и шест пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет нови, вкупно хоспитализирани се 89 пациенти. На респираторна машина се тројца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 27, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 113 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.