fbpx

Министрите на ЕУ во Брисел ќе расправаат за бегалската криза

-

Министрите на земјите членки на ЕУ денеска во Брисел ќе разговараат за бегалската криза која би можела да го загрози опстанокот на институциите. Министрите за внатрешни работи се среќаваат за да се намали приливот на мигранти и на бегалци преку Балканот и за да се направат планови за заканувачката криза.

Денешниот состанок се одржува само еден ден откако балканските земји во Виена предупредија дека на коцка е иднината на ЕУ, откако Унгарија најави референдум за бегалските квоти.

Австрија и балканските земји усогласиле мерки за ограничување на бројот на бегалците, потег што остро го критикуваше Грција, која се наоѓа во ситуација со илјадници бегалци на своја територија.

Учесниците на состанокот ќе ги слушнат плановите на Австрија и на осумте балкански земји, кои вклучуваат земање отпечатоци од прсти на сите што влегуваат и враќање на сите што немаат пасош или имаат лажна документација. Земјите ќе ги примаат само тие за кои ќе заклучат дека им е потребна заштита. Некои влади толкуваат дека тоа подразбира да бидат примени само Сиријци и Ирачани.

Атина се закани дека ќе ги блокира сите одлуки на претстојниот самит на ЕУ за миграција, доколку земјите членки не се согласат да учествуваат во распределба на обврските од мигрантските квоти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.