Мета факт: Бавно се одвива изградбата на велосипедски парк околу Велес и обновата на Градскиот парк со тартан патека

„Во тек е изготвување на проектна програма за распишување на тендерска постапка за проектирање на проектот "Реконструкција на Градски парк со поставување на тартан патека во должина од 800м" со средства од Општина Велес. Преку УНДП се обезбедени средства за изработка на проектна документација за Велосипедски парк околу Велес“, информираат во кабинетот на градоначалникот Марко Колев

-

Во периодот на предизборието пред локалните избори во октомври 2021 година, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Велес, Марко Колев вети дека ако ги добие изборите, тој ќе го реконструира Градскиот парк во Велес со поставување тартан патека во должина од 800 метри, како и дека ќе направи велосипедски парк околу Велес. Овие посочени проекти се во почетна фаза на реализација, така што ветувањата засега ги оценуваме дека се вo тек на реализација.

Имено, во неговата објава на Фејсбук од 3 октомври 2021 година, меѓу мноштвото наведени ветувања, го пишува следното:

„Промоција на победничката програма за Велес на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Гарантираме и се обврзуваме за реализација на: Велосипедски парк околу Велес, како и на реконструкција на Градски парк со поставување на тартан патека во должина од 800 метри“. 

Meта.мк побара информации од Општина Велес во врска со овие ветувања од кабинетот на градоначалникот Колев. Прашавме дали во овој момент се реализирани овие два проекта, а побаравме и информации околу реализацијата на истите (колку чинат, кога се очекува да завршат, како е предвидено да изгледа велосипедскиот парк во Велес). Како одговор од велешките општински власти го добивме следното:

„Ве информираме дека во тек е изготвување на проектна програма за распишување на тендерска постапка за проектирање на проектот “Реконструкција на Градски парк со поставување на тартан патека во должина од 800м” со средства од Општина Велес. Преаку УНДП се обезбедени средства за изработка на проектна документација за велосипедски парк околу Велес. Со оглед на тоа дека посочените проекти се во почетна фаза, не сме во можност да ви одговориме колку чинат, кога се очекува да завршат и подетални информации за истите, бидејќи одговор на вашите прашања ќе имаме по изготвување на проектната документација“. 

Врз основа на одговорите до кои дојде Мета.мк, можеме да заклучиме дека во овој момент ветените проекти не се реализирани на терен. Но, општинското раководство има рок до крајот на нивниот мандат за да бидат исполнети, при што подготвителните активности за нивна изведба веќе се започнати, така што реализацијата на ветувањата дадени пред Велешани дека ќе имаат обновен Градски парк и нов велосипедски парк околу Велес оценуваме дека се во тек на реализација.

 

ИЗВОРИ: 

Oбјава на Фејсбук профилот на градоначалникот Марко Колев (3.10.2021 година), проверено на 17.07.2023 година;

Република (3.10.2021 година): Текст објавен на Колев: Изработка на ГУП, подземна гаража и Градски плоштад, нова индустриска зона – ова е победничката програма за Велес, проверено на 17.07.2023 година.

Доставени одговори од Општина Велес до Мета.мк

Пуштена во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце во должина од над 30 километри

Од денес во употреба е пуштена железничката пруга Куманово - Бељаковце, која е дел од Коридорот 8. Пругата со должина од 30,8 километри вклучува три нови железнички станици, шест стојалишта, пет...

Скопје ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство во 2026 година

Младинскиот образовен форум (МОФ) соопшти дека ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство за средношколци, кое ќе се одржи во Скопје, во февруари 2026 година. Овој настан претставува признание за долгогодишните напори...

Две новороденчиња во прилепско починаа од премрзнување

Две новороденчиња - близнаци од прилепското село Славеј, стари околу 20 дена, починале вчера попладне.   Од Општата болница Прилеп соопштија дека се работи за машко и женско новороденче, кои се родиле...

Измама: „Нептун“ не нуди „Маршал“ звучници за 612 денари

Во невистинитата објава, всушност се прави психолошки притисок врз граѓаните, да немаат време да размислуваат или да се премислат пред да ги остават своите банкарски податоци, затоа што им се става...

Пуштена во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце во должина од над 30 километри

Од денес во употреба е пуштена железничката пруга Куманово - Бељаковце, која е дел од Коридорот 8. Пругата со должина од 30,8 километри вклучува три нови железнички станици, шест...