Маричиќ: Социо-економското зајакнување на Ромите е дел од процесот на евроинтеграција

Еден од клучните предуслови за напредокот на Северна Македонија во процесот на преговори со ЕУ ќе биде и прашањето за ефикасно и одржливо решавање на проблемот на ромското и египетското население, вели Маричиќ

-

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ го честита 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, укажувајќи дека Ромите се нераскинлив и исклучително важен и вреден дел од македонскиот мозаик.

Тој вели дека работејќи заеднички, треба да се отклучи големиот потенцијал на Ромите во корист на целото општество и да се направи суштинска интеграција на Ромите во сите општествени сфери.

„Тоа ќе биде важно за напредокот на Северна Македонија во процесот на преговори со ЕУ. Еден од клучните предуслови ќе биде и прашањето за ефикасно и одржливо решавање на проблемот на ромското и египетското население, во поглавјата социјална политика и вработување, правда и основни права и правда, слобода и безбедност, укажува вицепремиерот за европски прашања“, Маричиќ

Во објава на Маричиќ на социјалните мрежи по повод меѓународниот ден на Ромите стои дека сите програми за преку-гранична соработка во кои учествуваме во рамки на ИПА 3, односно програмите со Србија, Албанија, Косово, Грција и Бугарија за 2021-2027 година, го тангираат прашањето за ранливите групи, особено за Ромите кои живеат во прекуграничните области.

Тој на настанот „Европски перспективи и квалитетен развој на ромската заедница во Северна Македонија“, кој се одржа во пресрет на Меѓународниот ден на Ромите, кажа дека фондовите на Европската Унија се добра можност за финансирање проекти од областа на инклузија на ромското население, кои треба да дадат вистински и видливи резултати и дека во следниот период неопходно ќе биде максимално да се користат средствата на ЕУ во оваа област, со вклучување на сите потенцијално заинтересирани поединци, здруженија, ромски невладини организации, државни институции.

„Ако сакаме општество со еднакви можности, мора заедно да ја зачуваме културната и етничката различност на нашата земја. Наша обврска е, кога станува збор за развојот на едно демократско општество, како држава која преговара со Европската Унија, да спречиме секаков вид на дискриминација и да направиме сите народи и етнички заедници кои живеат во Северна Македонија да се чувствуваат еднакви, со исти можности и права“, рече Маричиќ.

Пуштена во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце во должина од над 30 километри

Од денес во употреба е пуштена железничката пруга Куманово - Бељаковце, која е дел од Коридорот 8. Пругата со должина од 30,8 километри вклучува три нови железнички станици, шест стојалишта, пет...

Скопје ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство во 2026 година

Младинскиот образовен форум (МОФ) соопшти дека ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство за средношколци, кое ќе се одржи во Скопје, во февруари 2026 година. Овој настан претставува признание за долгогодишните напори...

Две новороденчиња во прилепско починаа од премрзнување

Две новороденчиња - близнаци од прилепското село Славеј, стари околу 20 дена, починале вчера попладне.   Од Општата болница Прилеп соопштија дека се работи за машко и женско новороденче, кои се родиле...

Измама: „Нептун“ не нуди „Маршал“ звучници за 612 денари

Во невистинитата објава, всушност се прави психолошки притисок врз граѓаните, да немаат време да размислуваат или да се премислат пред да ги остават своите банкарски податоци, затоа што им се става...

Пуштена во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце во должина од над 30 километри

Од денес во употреба е пуштена железничката пруга Куманово - Бељаковце, која е дел од Коридорот 8. Пругата со должина од 30,8 километри вклучува три нови железнички станици, шест...