fbpx

Македонија и Грција договорија менаџирање на границата

-

Договор за одржување на редовна регионална средба на четирилатерално ниво на секои шест месеци, зајакнување на соработката преку размена на информации и на техничка помош, поголема контрола на невладините организации, посебни мерки за ранливите категории и разгранување на мигрантите од бегалците се само дел од заклучоците од првиот Регионален состанок за справување со бегалската криза меѓу Македонија, Грција, Бугарија и Албанија, кој вчера и денеска се одржуваше во Солун.

Министрите ставија акцент на начините за справување на нелегалниот шверц на бегалци и на мигранти, како и на подобрата заштита и безбедност и на граѓаните, но и на бегалците. Говорејќи за безбедносниот аспект од бегалската криза и за заштитата на границите, министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, посочи дека државите заемно се согласиле дека бегалската криза не се поврзува со тероризмот.

– На средбата разговаравме за безбедноста и за тероризмот, истакнувајќи на сите начини дека бегалската криза не се поврзува со тероризмот. Тероризмот се поврзува со нелегални мрежи и со други фактори кои го создаваат и го размножуваат – изјави Коѕиас.

Неговиот македонски колега, Никола Попоски, посочи дека најголемиот акцент бил ставен на ситуацијата на македонско-грчката граница. Изрази задоволство што во споредба со 2015 година, кога владеел хаос и немало соработка, сега има засилена комуникација и поголема контрола на бегалските и на мигрантските движења. Тој истакна дека е договорена конкретна соработка за поголема контрола на случувањата околу македонско-грчкиот премин и делот кај Идомени.

– Договоривме засилена соработка во делот на полициските служби, менаџирање на границите и да се воспостави директен канал на комуникација за спречување на сите нелегални обиди за преминување на границата. Можеме да констатираме дека невладините организации, активистите и криумчарите на мигранти сорабтуваат многу подобро преку граница отколку државните институции, но ова е дел од оној план што го имаме воспоставено за надминување на овие ризици со поинтензивна соработка – истакна Попоски.

Коѕиас и Попоски се фокусираа, главно, на билатералните односи, подобрувањето на билатералната соработката, како и на мерките за градење доверба, кои се очекува да се прошират со нови идеи за продлабочување на соработката на повеќе нивоа. Идната недела, на трета рунда разговори, за оваа тема ќе дискутираат претставници на македонското и на грчкото МНР во Скопје.

– Следната седмица повторно ќе имаме  средба, која ќе биде замена за таа што беше одложена при големиот прекуграничен инцидент кога повеќе од 2.000 мигранти нелегално ја преминаа македонскo-грчката граница. На овој состанок најмногу ќе се посветиме на миграциските предизвици во делот на енергетика, европските интеграции, размената на дипломати и на службеници во јавните админстрации во двете земји, културата и универзитетската соработка. Сите овие типови на соработка се нешто што ќе ја подобри климата во двете земји во услови кога двете земји се соочени со сопствени предизвици, а мораме да гледаме дека на долг рок ќе имаме интерес доколку оваа соработка се продлабочува – истакна Попоски.

Тој уште еднаш апелираше дека мора да се испразни импровизираниот камп кај Идомени и бегалците да се релоцираат во бегалските кампови. Истакна и дека и соседните држави и ЕУ не смеат да ја остават Грција сама да се справува со предизвиците од кризата и со илјадниците бегалци на нејзина територија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Последните часови од животот на Платон опишани во дешифриран свиток, бил облеан со вулкасни пепел од Везув

Нова технологија овозможи да се дешифрираат пасуси од свиток кој бил облеан со прашина од познатата ерупција на Везув во 79 година н.е. Во новооткриените пасуси може да се...