fbpx

Села: Одговорност од сите што им наштетија на државата и на народот

-

Стотици граѓани денеска протестираа низ центарот на Скопје против опструкциите врз Специјалното јавно обвинителство и затворањето на Албанците по налог на актуелната власт.

Протестот што го организираа Движењето за реформи во ДПА, Здружението на поранешни политички затвореници и прогонети Албанци во Македонија, Организацијата на воени ветерани на ОНА и други граѓански организации, почна на Бит-пазар и заврши пред Собранието.

Протестната поворка ја предводеше лидерот на Движењето за реформи во ДПА и градоначалник на Струга, Зијадин Села, а демонстрантите, носејќи големо албанско знаме, за време на маршот извикуваа „Али предавник“, „Кој не излезе, не е Албанец“, „УЧК“.

Зијадин Села на граѓаните пред Собранието им рече дека тие се тука „за демократија, но не за бизнис-демократија“.

– Ние сме тука затоа што Македонија е и на Албанците. Протестираме против монтираните случаи за Албанците. Ја поддржуваме работата на Специјалното јавно обвинителство. Бараме одговорност од сите што им наштетија на оваа држава и на овој народ – изјави Села.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...