fbpx

Кирацовски: Томовска-Арсовска доставила неточен список до ДИК

-

Дополнителниот заменик-министер за информатичко општество, Александар Кирацовски, ја обвини министерката Марта Томовска-Арсовска дека до Државната изборна комисија доставила неточен и несоодветно пополнет избирачки список. Кирацовски вели дека Томовска-Арсовска списокот го доставила без потпис од дополнителниот заменик-министер.

– Потсетувам дека овој список е еден од клучните услови за фер и регуларни избори, бидејќи од него ДИК избира членови на изборните органи, кои ги спроведуваат изборите. Ова е уште еден доказ дека Никола Груевски и неговите соработници прават сè за да нема фер и регуларни избори во Македонија – вели Кирацовски.

Тој додава дека со допис се обратил до ДИК за да ги информира членовите на комисијата дека списокот е половичен и по терк на Никола Груевски и на Томовска-Арсовска.

– Списокот е пополнуван преку несоодветни формулари, внесувани во табели „ексел“, наместо во соодветниот софтвер. Во дописот што го доставив до секој член на ДИК поединечно, истакнав дека доколку го прифатат овој список, ќе сторат кривично дело за кое се оди во затвор. Исто така, истакнав дека списокот поднесен без двоен потпис од министер и од заменик-министер, нема правно дејство – објасни Кирацовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...