fbpx

Лидерска средбата најавена за деновиве, партиите со однапред подготвени пораки

Конкретен датум на лидерската средба не е објавен, но се очекува таа да се случи деновиве

-

Најавената лидерска средба на која треба да учествуваат Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски не е со закажан датум, но извесно е дека ќе се одржи деновиве. Сепак, политичките соперници продолжуваат со однапред подготвени пораки на темите што треба да се разговараат – уставните измени и добрососедските односи.

Од владејачката партија СДСМ и денеска го повикаа опозицискиот лидер Христијан Мицкоски да одговори дали е за блокот за ЕУ или е за антиевропскиот блок на проруската партија Левица.

Од СДСМ велат дека на лидерската средба посветена на продолжување на европските интеграции и зачленување во ЕУ до 2030 година, како и за односите со соседите, ќе стане јасно дали Мицкоски е за ЕУ или за антиевропскиот блок.

Пратеникот од СДСМ Дарко Каевски денеска порача дека одговорност пред граѓаните имаат сите пратеници од Собранието, вклучително и оние на ВМРО-ДПМНЕ.

„Груевски 11 години го блокираше евро-интеграцискиот пат на Македонија кон ЕУ за на крај да избега од државата соочен со одговорност за криминалот. Со денови Мицкоски молчи за неговата одлука. Но, ќе почекаме до лидерската средба да видиме дали тоа што јавно го говори ќе го каже и таму. Веќе следната недела ќе стане јасно дали Мицкоски е дел од блокот на ЕУ или остаува во анти европскиот блок со Левица“, изјави пратеникот од СДСМ Каевски.

Ваквата реакција на СДСМ следи откако Христијан Мицкоски посочи дека она што на лидерската средба треба да се разговара е неуспехот на уставните измени, за кои тој тврди дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи во Собранието.

„Она кое што е значајно да се каже е дека до овој момент, ние официјална покана од страна на Димитар Ковачевски, како политичка партија, немаме. Ниту пак имаме дневен ред според кој ќе се разговара, ниту пак имаме предлог формат, официјално, кој што би бил таму на таа лидерска средба. Она кое што е значајно да се каже, е што доколку уставните измени, кој што ги предвидува владата на ДУИ поддржана од СДСМ, не поминат. Тоа е многу важно да се каже и треба да видиме каков е планот понатаму“, изјави Мицкоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...