За да се смири состојбата, во северно Косово треба да се одржат нови локални избори

Курти преку Твитер порача дека нови локални избори во северниот дел од Косово би можеле да се одржат, но претходно ќе треба да се повлече насилната толпа од пред општинските згради

-

Имаме три јасни барања – одржување на нови локални избори во северно Косово сега, осигурување на учеството на Србите на овие избори и започнување на работите за воспоставување на Заедницата на српски општини во рамките на дијалогот потпомогнат од ЕУ. Ова е пораката што преку Твитер ја испрати високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел по средбата која што ја имаше со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовската претседателка Вјоса Османи.

Борел предупреди дека непостапувањето по овие барања ќе има сериозни последици по односите меѓу ЕУ од една страна и Косово и Србија од друга страна.

Во Приштина денеска се одржува вонредна седница на косовското собрание за ситуацијата на северот, на која се обрати премиерот Албин Курти. Тој за време на собраниската расправа рече дека Белград мобилизирал криминални групи за ескалација на ситуацијата во северно Косово, пренесува Данас.

Сепак, Курти преку Твитер порача дека нови локални избори во северниот дел од Косово би можеле да се одржат, но претходно ќе треба да се повлече насилната толпа од пред општинските згради.

„Повлекување на насилната толпа пред општинските згради (…) е пат кон деескалација сѐ до одржување нови избори“, напиша Курти на Твитер.

Инаку, денеска е шести ден од протестите на припадници на српската заедница од Косово пред општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, кои се противат новите претседатели на општините да влезат во овие згради.

Србите ги бојкотираа последните локални избори што се одржаа во северно Косово, поради што во северниот дел на Митровица и во три други општини победија кандидати на албанските партии. На бојкот повика партијата Српска листа блиска до властите во Белград, која чекорот го образложи со несоздадените услови за основање Заедница на српски општини.

Администрацијата на Трамп отстрани 2000 војници на Националната гарда кои беа распоредени во Лос Анџелес

Администрацијата на Трамп соопшти дека ќе ја намали својата воена операција во Лос Анџелес со отстранување на половина од трупите на Националната гарда што беа распоредени во областа минатиот месец, поради...

Украина чека битни детали за оружјето вредно „милијарди долари“ ветено од Трамп

Украина чека дополнителни детали за американската воена опрема вредна „милијарди долари“ што ја вети Доналд Трамп, поради конфузија околу тоа колку системи за воздушна одбрана „Патриот“ ќе бидат испратени во Киев,...

Европскиот парламент размислува за целосна забрана за лобисти поврзани со Амазон

Европскиот парламент разгледува можност да ја прошири забраната за лобирање што веќе ја има воведено за лобистите на Амазон, така што ќе ги опфати и сите лобистички групи и организации кои...

Трамп посредува за спас на крипто-законите во САД по застојот во Конгресот

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот интервенираше за да постигне договор меѓу републиканските конгресмени по застојот во Претставничкиот дом што го доведе во прашање усвојувањето на долгоочекуваната крипто-законска рамка, регулатива што...

Администрацијата на Трамп отстрани 2000 војници на Националната гарда кои беа распоредени во Лос Анџелес

Администрацијата на Трамп соопшти дека ќе ја намали својата воена операција во Лос Анџелес со отстранување на половина од трупите на Националната гарда што беа распоредени во областа минатиот...