fbpx

Лидерите на ЕУ и на Турција постигнаа договор за блокада на мигрантите и за заштита на границите

-

Лидерите на Европската унија синоќа во Брисел го прифатија договорот со Турција, кој предвидува милијарда евра помош за Анкара за да го запре неконтролираниот прилив на мигранти во Европа, а постигната е спогодба во следните недели да се постави гранична стража и да се заштитат надворешните граници на Унијата.

Како што изјавија претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск, и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, шефовите на држави или на влади на ЕУ за време на првиот ден од самитот ветиле дека за неколку недели ќе бидат обезбеден ветениот, а сè уште не исплатен дел од повеќе од две милијарди евра помош за Турција, Јордан и за Либан за згрижување на бегалците што пристигнале од завојуваната Сирија.

Јункер подвлече дека спогодбата со Анкара за акциониот план значи дека бегалците кои веќе се во Турција, таму и ќе бидат задржани, додека оние кои минуваат низ земјата, нема да можат понатаму непречено да се движат кон ЕУ.

Туск истакна дека е постигнат договор со лидерите на ЕУ за „интегрирано управување со границите“, што значи дека надворешните граници на Унијата ќе бидат силно заштитени. Агенцијата на ЕУ, Фронтекс, која ќе биде засилена со 100 припадници на граничната стража, ќе ги обезбедува „жешките влезни и точки“ за попис на мигранти во Грција и во Италија. Тоа, според Туск, е „особено значајно достигнување“ на првиот дел од самитот на ЕУ.

Претседателот на Советот на Европа додаде дека се разменети мислења и за усогласување на правилата за одобрување азил и за засилување на целокупната гранична стража и нагласи дека „ако ние не постигнеме хуманитарни и делотворни решенија, тогаш други ќе најдат решенија кои ќе бидат нехумани, нацистички“.

Јункер рече дека со Туск е договорено да се забрза либерализацијата на визниот режим за турските граѓани, но без ублажување на условите што секоја земја мора да ги исполни, а кои се директно поврзани со договорот со Анкара за запирање на приливот на бегалци во Европа.
Лидерите на ЕУ денеска продолжуваат да заседаваат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...