fbpx

Коѕиас и Рама разговарале за политичката криза во Македонија

-

Политичката криза и случувањата во Македонија се најдоа на агендата на разговори меѓу шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, и албанскиот премиер Еди Рама. Во изјава за грчката информативна агенција АПЕ, по средбата, Коѕиас посочил дека главни теми на разговор биле билатералните прашања, но и ситуацијата во поширокиот регион, со фокус на состојбата во Македонија.

Рама и Коѕиас разговарале за поддржување на иницијативите за решавање на отворените прашања. Средбата на Коѕиас со Рама доаѓа по вчерашниот состанок на грчкиот министер со неговиот албански колега Дмитри Бушати, на кој беше изразена заедничка волја за соработка, надминување на заедничките и на регионалните проблеми, како и за грчката поддршка за прием на Албанија во Европската Унија. Двајцата министри потпишаа и заедничка спогодба за механизам и еден вид патоказ за решавање на заедничките проблеми.

Коѕиас денеска се обрати и пред Универзитетот во Тирана, говорејќи за грчко-албанските врски. Коѕиас потенцираше дека не треба да останат нерешени старите отворени проблеми меѓу двете држави кои создаваат пречки за европската перспектива на Албанија. Зајакнувањето на врските меѓу двете држави, како што потенцираше Коѕиас, ќе го олесни обидот на Албанија за прием во ЕУ, но и нејзиното идно учество во европските институции.

Грчкиот министер посочи дека Грција на минатонеделниот Процес за соработка на Југоисточна Европа потегнала иницијатива за соработка меѓу Грција, Бугарија, Романија и Хрватска, сите регионални членки на ЕУ, односно идеја за мал балкански сојуз кој ќе проба да има погласна улога во ЕУ околу европската перспектива на балканските држави кандидати. Ваква слична идеја Коѕиас имаше и се обиде да спроведе само со Бугарија и со Романија минатата година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Утрово силен земјотрес во Хрватска, почувствуван и во Босна и Херцеговина

Сеизмолошката служба во Хрватска утрово забележа прилично силен земјотрес со епицентар на околу 15 километри јужно од градот Слуњ во централниот дел на земјата. Земјотресот се случил во 5 часот...