fbpx

Ковачевски: Измените на Кривичниот законик се за побрзо казнување за кривичните дела и конфискација на имот

Измените на Кривичниот законик се за побрза казнивост, идентификување на конкретни дела и конфискација на нелегално стекнат имот. Нема да има амнестија за никого, појаснува Ковачевски

-

Измените на Кривичниот законик коишто беа изгласани во Собранието, а предложени од Владата се усогласување со ЕУ Директивата 42/2014, во која што се предвидува проширена конфискација во дела коишто се казниви согласно со Кривичниот законик, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање.

Тој додаде дека има измени во еден општ член, 353(н.з. „Злоупотреба на службена положба и овластување“) кој многу се експлоатира во јавноста, а којшто претставува и според мислењето на експертите коишто биле консултирани при изработката на законските измени, за еден бланко-член според кој се прават голем број на обвиненија. Премиерот тврди дека таков член во Германија не постои, додека во законодавството на Словенија исто така има конкретизирани кривични дела во кривичните закони.

„Ако го погледнете нашиот Кривичен законик, постојат 422 основи по коишто може да се прави кривично гонење, а во минатото во најголем дел се правеле врз основа на еден ваков општ член“, изјави премиерот Ковачевски.

Тој додаде дека сите сме сведоци оти судските постапки траат со години, некои траат и со децении, и притоа, никогаш не се случува да комплетно имотот којшто бил злоупотребен врз основа на неправилно спроведени постапки, на некој којшто тоа го направил, да биде конфискуван во целост и целиот имот којшто потоа бил надоградуван врз основа на така стекнат имот.

Премиерот вели дека измените во Кривичниот законик овозможуваат поголема ефикасност и поголема ефективност на судските постапки, со оглед на тоа дека во државата постојат судски случаи коишто се водат токму врз основа на вакви општи членови и врз основа на кои, после долго време, на крај се доаѓа во ситуации во коишто се менуваат судии, обвинители, поротници, а на крај не се доаѓа до никаков резултат.

Измените се во насока на зголемување на бројот на казниви дела, зголемување на фреквенцијата на казните, а не само на должината на казните во правосудниот систем, вели Ковачевски.

„Што вреди ако 100 луѓе направиле некаква злоупотреба, а само еден е казнет“, праша тој.

Ковачевски вели дека во Собранието на РСМ немало предолга дискусија на Комисијата за европски прашања од било која пратеничка група, а дури сите пратенички групи биле и во Собранието кога се гласало за измените на Кривичниот законик.

Измените не значат никакво помилување за никого и нема да има амнестија за никого, туку има конкретизација на кривичните дела коишто некој ги направил. Тој ги отфрли тврдењата дека нема да се казнува за јавни набавки, бидејќи има конкретен член за казнивост на јавни набавки во Кривичниот законик.

„Доколку го обвините некого за тоа што направил конкретно, тогаш и постапката е поефикасна и постапката е поефективна. Казната е побрза и секако дека следува проширена конфискација“, изјави Ковачевски.

Тој рече дека невладините организации и меѓународниот фактор во земјава имале забелешки зошто притворите траеле по неколку години, а причина за ова е тоа што и судските постапки траеле по неколку години, а на крајот граѓаните секогаш се прашуваат за тоа каде е конфискацијата.

Измените на Кривичниот законик се за побрза казнивост, идентификување на конкретни дела и конфискација на нелегално стекнат имот. Нема да има амнестија за никого, појаснува Ковачевски.

Премиерот додаде дека не може да се гради правосуден систем врз основа на одредби од 19.век и од комунистичкиот режим, туку дека Кривичниот законик треба да биде усогласен со правото на ЕУ.

Ќор-фишек за измените во Кривичен законик: „Службен весник“ ги објави, реакциите божем не стивнуваат

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...