fbpx

Кијив демантира: „Поделбите“ меѓу военото и политичкото раководство на Украина се руски наратив

Во однос на воената ситуација во Украина, односно судирите меѓу украинските сили и руските агресорски сили, во текот на изминатиот ден, според Генералштабот на вооружените сили на Украина, се случиле голем број судири и напади од двете страни

-

Наводите за наводен раздор меѓу военото и политичко раководство на Украина се дезинформација, односно руски наратив, изјави денеска Људмила Дарахан, државен секретар во Министерството за одбрана на Украина, во изјава за украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Во интерес на Русија е да ја дестабилизира ситуацијата во Украина, порачува таа.

„Ова [ширење информации за поделби меѓу военото и политичкото раководство на Украина] е руски наратив. Ова отсекогаш се случувало. Се сеќавате ли на шпекулациите на темата јазик, религија. Сето тоа се руски наративи“, рече таа.

Во однос на воената ситуација во Украина, односно судирите меѓу украинските сили и руските агресорски сили, во текот на изминатиот ден, според Генералштабот на вооружените сили на Украина, се случиле голем број судири и напади од двете страни.

Дошло до 74 битки на војници, а украинското воено воздухопловство извршило напади на 11 конгломерации на руски војници, муниција или воена опрема. Украинските ракетни единици погодиле 13 руски конгломерации на руски војници, муниција или воена опрема, еден команден центар, една систем за противвоздушна одбрана, четири артилериски системи и еден магацин со муниција.

Руските трупи извршиле три ракетни напади и 43 воздушни напади, како и 64 напади од повеќецевни ракетни лансери. Цели биле украински воени позиции и населени места. Нападнати биле повеќе од 100 населени места. Извршени се и руски напади со 14 дронови, при што украинските сили успешно ги уништиле сите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...