fbpx

Ќе има лидерска средба во Клубот на пратеници?

-

Лидерската средба меѓу претседателите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА ќе се одржи по 16 часот во Клубот на пратеници.

Сепак, преговарачките тимови оставаат можност тоа и да не се случи доколку еврокомесарот Јоханес Хан почувствува дека нема шанси за напредок околу решавање на политичката криза во Република Македонија.

Преговорите во резиденцијата на Европската унија на Водно, кои почнаа во 9.45 минути, сè уште траат. Исто така, неофицијално се дознава дека Хан има готов план за излез од кризата, кој ќе им се понуди на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и на СДСМ, Зоран Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...