fbpx

Екстерното тестирање почна денеска и ќе трае до 10 јуни

-

Денеска почна екстерното тестирање на учениците од четврто одделение во основно образование до трета година во средно образование, кое ќе трае до 10 јуни.

Учениците за наставните предмети се информирани три дена пред датумот на полагање преку интернет-страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk, каде се истакнати и распоредите за полагањето. На страницата има вкупно 445.700 прашања на македонски, албански, турски и на српски јазик.

– Денеска екстерното тестирање во нашето училиште ќе се одржи во две сесии. Едната сесија е од 9.30 до 10.30 часот, а другата од 11 до 12 часот. Ќе полагаат вкупно 230 ученици од четврто до деветто одделение и ќе бидат опфатени сите предмети. Очекуваме добри резултати, а досегашното искуство ни покажа дека оцените што ги добиваат учениците на екстерното тестирање се совпаѓаат со тие што им ги пишуваат наставниците – вели директорката на основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“.

Во овие осум дена со процесот на екстерно тестирање ќе бидат опфатени вкупно 183.280 ученици и 17.803 наставници, така што освен знањето на учениците ќе се провери и објективноста на оценувањето на наставниците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...