понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: DUI | 22 резултати

Нова средба на лидерите на четирите најголеми партии

јули 23, 2018

Лидерите на четирите најголеми партии, владејачките СДСМ и ДУИ и опозициските ВМРО-ДПМНЕ и крилото на Беса на Билал Касами денеска повторно седнаа во Клубот на пратениците во Скопје. Тие ќе се обидат да постигнат договор за претстојниот референдум за промената на името, односно за датумот на неговото одржување, формата на референдумското прашање и изборот на Државната изборна […]

Ахмети, Касами и Села на средби со косовскиот претседател Хашим Тачи

јануари 5, 2017

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, денеска имал средби со лидерите на албански партии од Македонија – ДУИ, Беса и Алијанса на Албанците, кои обезбедија пратенички мандати во Собранието, на предвремените парламентарни избори на 11 декември. Тачи, како што соопштуваат од неговиот кабинет, на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, и […]

Заклучоците од Тирана не се црвени линии, туку начела за разговори за влада, вели Ахмети

декември 30, 2016

Документот што ќе произлезе од вчерашната средба во Тирана на албанските партии од Македонија, ДУИ, Беса и Алијанса на Албанците, со албанскиот премиер Еди Рама, ќе содржи заклучоци кои ѝ се познати на македонската јавност, како што се јазична рамноправност, судски реформи и други реформи значајни за Албанците во Македонија, соопшти денеска пред почетокот на конститутивната седница на […]

Ахмети, Тачи, Касами и Села на постизборна средба со албанскиот премиер Рама

декември 14, 2016

Албанскиот премиер Еди Рама се сретна со лидерите на албанските партии во Македонија, односно со претседателите на Движењето Беса и на Алијансата на Албанците, Билал Касами и Зијдин Села, а за денеска се закажани средби и со лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи. Средбите на Рама со лидерите на четирите […]

Ахмети прогласи победа и жали оти Албанците изгубиле мандати во Собранието

декември 12, 2016

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вечерва во Тетово соопшти дека победиле кај албанската популација, но изрази жалење што албанскиот политички блок изгубил мандати во Собранието. – Ме радува фактот што изборите поминаа мирно, без проблеми, што значи дека земјава оствари голем напредок и зрелост околу организирањето на слободни избори. ДУИ секогаш апелирала кај својот електорат, кај […]

ВМРО-ДПМНЕ потрошила 6 пати повеќе пари во кампањата од пријавените приходи

декември 2, 2016

Државната изборна комисија ги објави финансиските извештаи на политичките партии од почетокот на изборната кампања до 30 ноември, кои партиите, според предвидениот рок, вчера ги доставија до ДИК, Државниот ревизор и до Државната комисија за спречување на корпуција (ДКСК). Од извештатите на политичките партии, најинтересен е финансискиот извештај на владејчката ВМРО-ДПМНЕ, кој е за периодот […]

Ако лидерите вечерва се договорат, законите утре на собраниска седница

ноември 5, 2015

Во Клубот на пратеници почна средбата на претседателите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи. Се очекува лидерите на партиите потписнички на Договорот од Пржино да го кажат последниот збор околу спорните прашања за законот за влада и за законот за приватност. На средбата присуствуваат и […]

ДУИ го претстави тимот за изборите догодина

октомври 18, 2015

Демократската унија за интергација (ДУИ) денеска на Скопски саем ги претстави членовите на партијата што ќе ја водат кампањата на ДУИ на предвремените параламентарни избори закажани за април следната година. Пред околку 1.200 членови на партијата, се обрати претседателот на ДУИ, Али Ахмети, кој го претстави актуелниот министер за економија, Беким Незири, за шеф на изборниот […]

ДУИ: Советот на обвинители и Катица Јанева да ја надминат настанатата ситуација

октомври 15, 2015

„Демократската унија за интеграција (ДУИ) се надева дека Советот на јавни обвинители во соработка со специјалната обвинителка ќе ја надминат настанатата ситуација со заемно разбирање и дека ќе дејствуваат во согласност со Законот за специјален обвинител што беше усвоен од четирите најголеми политички партии со 111 гласа“, стои во денешното писмено соопштение на ДУИ. Во […]

ДУИ до крајот на август очекува договор за изборниот закон и за специјалниот обвинител

август 12, 2015

Демократската унија за интеграција (ДУИ) очекува до крајот на август политичките партии да постигнат договор околу прашањата за изборниот закон и за специјалниот јавен обвинител и потоа со консензус да бидат усвоени во Собранието, по враќањето на опозцијата, на почетокот на септември, било истакнато на денешната средба меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и новоименуваниот […]

Тројката Хан-Орав-Бејли посредува меѓу лидерската четворка

јуни 2, 2015

Американскиот амбасадор, Џес Бејли, им се придружи на еврокомесарот Јоханес Хан и на евроамбасадорот Аиво Орав, на лидерската средба во резиденцијата на евроамбасадорот на Водно. Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, утринава од 9.45 часот се во резиденцијата на ЕУ, каде со посредништво на Хан се обидуваат да најдат излез […]

Хан ја комплетираше четворката – има шанси за напредок

јуни 2, 2015

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, пристигна на лидерската средба што денеска се одржува во резиденцијата на ЕУ на Водно, со посредништво на еврокомерасот Јоханес Хан. Веќе шест часа трае средбата на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев. Засега не се откриваат детали од разговорите. Попладнето, околу 14 часот, на средбата пристигна […]

Ахмети се приклучи на средбата Хан-Груевски-Заев

јуни 2, 2015

Во резиденцијата на ЕУ на Водно, каде се водат разговорите на еврокомесарот Јоханес Хан со Груевски и со Заев, пристигна и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Него го пречека амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав. Во придружба на Ахмети се министерот за образование, Абдилаќим Адеми, и Артан Груби, шеф на кабинетот на лидерот на […]

Ќе има лидерска средба во Клубот на пратеници?

јуни 2, 2015

Лидерската средба меѓу претседателите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА ќе се одржи по 16 часот во Клубот на пратеници. Сепак, преговарачките тимови оставаат можност тоа и да не се случи доколку еврокомесарот Јоханес Хан почувствува дека нема шанси за напредок околу решавање на политичката криза во Република Македонија. Преговорите во резиденцијата на Европската […]

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ниту потврдуваат, ниту демантираат дека има „нон пејпер“

мај 26, 2015

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ниту потврдуваат, ниту демантираат за тоа дали преговарачкиот тим од Европската унија излегол со „нон пејпер“ на средбата меѓу Никола Груевски и Зоран Заев во Стразбур. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека „не знаат ништо за некаков нон пејпер“. Од СДСМ, за „Мета“ изјавија дека „не се запознаени со таков документ“. По кратката пауза […]

Лидерска средба: СДСМ бара преодна влада и гаранции за договореното

мај 18, 2015

Нема напредок во вториот дел од втората лидерска средба, брифираат извори од СДСМ. Според нив, тие предлагаат два моменти за излез од политичкиот ќор-сокак: прво, договор за задолжително формирање преодна влада и второ, гарантирање на условите кои би биле утврдени при евентуалниот договор. Дознаваме дека ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА настапуваат со заеднички став оти е потребно […]

Бејта го потврди инцидентот во разгранокот на ДУИ во Струга

декември 17, 2014

Градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта, потврди дека вчеравечер имало инцидент на состанокот за избор на раководство на разгранокот на ДУИ во Струга, без да навлегува во детали, објави телевизијата „Алсат – М“. Бејта, кој како координатор на ДУИ за Петта изборна едница го надгледувал изборниот процес во разгранокот, бил принуден да го прекине состанокот кога дошло […]

Тепачка во разгранокот на ДУИ во Струга, полицијата не добила пријава за таков инцидент

декември 17, 2014

Напната атмосфера која прераснала во физичка пресметка со тепање со мобилни телефони и со тупаници по главите имало синоќа во разгранокот на ДУИ во Струга помеѓу крилата на Рамиз Мерко и на Арбен Лабуништа, објави порталот на албански јазик „Тетовасот“, повикувајќи се на извори од партијата. По тепачката, како што пишува порталот, едно лице било хоспитализирано […]

Страна 1 од 1