fbpx

Ахмети прогласи победа и жали оти Албанците изгубиле мандати во Собранието

-

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вечерва во Тетово соопшти дека победиле кај албанската популација, но изрази жалење што албанскиот политички блок изгубил мандати во Собранието.

– Ме радува фактот што изборите поминаа мирно, без проблеми, што значи дека земјава оствари голем напредок и зрелост околу организирањето на слободни избори. ДУИ секогаш апелирала кај својот електорат, кај Албанците и од нив барала да не се парцијализираат, партизираат во мали партии, бидејќи ќе бидат губитници. Секогаш ги повикувавме малите партии да бидат заедно, да ја победат ДУИ, а да не изгубат Албанците. Со гнев велам дека Албанците изгубија мандати. ДУИ победи на избори, но мене секогаш ме интересирало да победат Албанците во прв ред, и не ме радува победата на ДУИ. ДУИ ќе остане одлучна во правец на одбрана на нејзината доктрина, која ја претстави пред Албанците во земјава – изјави Ахмети.

Сепак, Ахмети истакна дека ДУИ ќе продолжи да работи за просперитетот на Македонија и за целосно враќање на стабилноста на земјата.

– ДУИ нема да го смени курсот и силно ќе работи тој курс да заживее и да се материјализира. ДУИ ќе биде одлучувачки фактор за тоа кој ќе ја земе одговорноста за да управува со процесите. Значи, нема да отстапиме од нашата цел, туку ќе бидеме многу појаки во остварувањето на нашите цели – потенцира Ахмети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...