fbpx

Камерон: Британија останува надвор од системот за квоти за бегалците

-

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска ја бранеше одлуката на Британија да не учествува во задолжителниот систем на квоти за прераспределба на бегалците во Европската унија, што денеска во Брисел ги престави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

– Доколку сето внимание е на квотите за прераспределба на бегалци во Европа, тоа нема да го реши проблемот и им испраќа порака на луѓето дека е паметна идеја да влезат во чамец и да тргнат на опасно патување. Европа мора дојде до свои одговори, за оние држави кои се дел од Шенген-зоната. Британија, која има свои граници, има можност да носи суверени одлуки – рече Камерон пред пратениците во парламентот.

Британија е изземена од политиката за азил и за миграција на ЕУ и Камерон веќе јасно стави  до знаење дека неговата држава нема да биде вклучена во каков било систем на квоти.

Британскиот премиер во понеделникот најави дека Британија ќе прими 20.000 бегалци во следните пет години од бегалските кампови во близина на Сирија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...