fbpx

Премиерот на Словачка е против обврзувачките квоти за бегалци

-

Предлозите на Европската комисија за заеднички одговор на ЕУ на бранот бегалци содржат неколку позитивни точки, но Словачка се противи на обврзувачките квоти за прифаќање на тие лица, изјави денеска словачкиот премиер, Роберт Фицо.

Словачка е една од четирите држави од Централна Европа кои водат кампања против планот на ЕК и на Германија за распоредување на мигрантите во сите членки на Унијата.

Фицо рече дека новите предлози на претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, одат во добар правец, како што е заштита на надворешните граници на Унијата.

– Ги цениме предложените мерки, вклучувајќи ја и заштитата на границите на ЕУ во Италија и во Грција. Подготвени сме да дадеме финансиска помош или да бидеме присутни во воен или технички поглед – рече словачкиот премиер, додавајќи дека квотите се „ирационални“ и оти „не решаваат ништо“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Претстава „Свет без жени“ в четврток во Факултетот за драмски уметности

Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво, па женско“, започнува со претставата „Свет без жени“, в четврток во 20 часот, на академската сцена на Факултетот за драмски уметности. Како...