Куќите изградени во индустриската зона во Тетово, на левата страна на булеварот „Видое Смилевски Бато“, односно на „Московска“ околу двата ресторана за свадби, се изложени на опасност од струен удар, бидејќи се наоѓаат многу близу до далноводот, а во некои дворови има и столбови на далноводот, известува Порталб.мк.

Далноводот е изградени од компанијата МЕПСО на локација дефинирана како индустриска зона, но подоцна на неа се изградени куќи како дивоградби, што треба да се легализираат. Но од Општина Тетово не кажуваат колку од овие куќи се легализирани и како е можно да се легализираат градби за домување толку блиску до далноводите.

Жителите на куќите не сакаат да коментираа зошто во нивните дворови имаат столбни конструкции од далноводот. Оваа ситуација може да предизвика и оштетување на столбовите, но и куќите, при невреме, но уште поголема опасност има од струен удар оти каблите се неизолирани.

Серија членови од Правилникот за изградба на надземни далноводи на електрична енергија за номинален напон од 1KV dо 400 KV , базиран врз Законот за енергетика, определуваат на растојание од минимум 5 метри од далноводите да нема никакви објекти. Сепак, некои од столбните конструкции се речиси залепени до куќите, а каблите висат на неколку метри над нив.

Електроинженерот Салајдин Бехадини за „Порталб“ вели дека може да има два вида опасност од овие далноводи: опасност од механичко оштетување на далноводите како резултат на влошување на климатските услови или опасност од близината и неизолирањето на далноводите со изолатори. Според него, ова би можело да доведе до појава на електромагнетна индукција како непожелен феномен што претставува потенцијална опасност за жителите. Тој истакна дека не постои опасност од зрачење.

-Што се однесува до зрачењето, нема опасност, бидејќи зрачењето во голема мера е во функција на фреквенцијата. Далноводите се со фреквенција од 50 Hz и не претставуваат опасност. Најсоодветно решение за овој проблем е поставување на каблите во специјални канали (во зависност од номиналниот напон) под земја – вели Бехадини.

 

Во МЕПСО велат дека куќите се градени без наша дозвола

Од МЕПСО за „Порталб“ велат дека далноводот е изграден пред речиси 30 години, на место дефинирано како индустриска зона. Според нив, овие куќи биле изградени подоцна и без дозвола на компанијата, а објектите морало да се прилагодат на условите за градба на теренот. Од компанијата велат дека граѓаните и објектите изградени околу далноводите самите се во опасност, а ја загрозуваат и работата на далноводот.

-По целата должина на далноводот, по неговата изградба се изградени објекти и тоа е направено без согласност од МЕПСО. Дивоградбите директно ја загрозуваат безбедноста на објектите, луѓето кои работат или живеат во тие објекти, а истовремено го загрозуваат функционирањето на енергетскиот објект – водот и на целокупниот систем за пренос на електрична енергија управувана од МЕПСО. Градбите се во спротивност со член 203 од Законот за енергетика – велат од МЕПСО.

„Не е дозволена изградба и вршење на други работи, садење растенија и дрвја, во и околу објектите, средствата и енергетските објекти се кои се попречува процесот на производство, пренос и дистрибуција на енергија или се загрозува безбедноста на луѓето и имотите“ вели став 1 од член 203, од Законот за енергетика.

Далноводот во близина на куќите се од 110 киловати со два системи, кои ги поврзуваат трафостаниците „Тетово 1“ и „2 Тетово“ и ова поврзување има стратешко значење за одржливо снабдување на сите жители на Тетово и околните населени места со електрична енергија. Според компанијата, тие се изградени во согласност со законот.

-Во текот на изградбата на овие далноводи, биле исполнети сите технички нормативи и услови за градба во согласност со Правилникот наведен од вашата редакција и важечките законски прописи. Сите пропишани безбедносни растојанија и безбедносни височини на фазните проводници, т.е. јажињата преку кои се пренесува електрична енергија, се изведени според правилата – велат од МЕПСО.

 

Општина Тетово не знае колку куќи се наоѓаат во оваа зона
По повеќе од два месеци чекање и неколку последователни барања според Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Општина Тетово со задоцнување нецелосно одговорила на прашањата од „Порталб“ за тоа колку куќи има сега во област дефинирана како индустриска зона, кога почнала нивната изградба и дали се тие легализирани или кога почнала постапката за нивна легализација.

Општината одговорила дека не поседува прецизни податоци за бројот на куќи изградени во тоа подрачје, и дека тие се изградени пред дваесетина години. Според нив, некои од куќите, коишто биле изградени пред 2011 година се легализирани и нивната легализација започнала со стапувањето во сила на Законот за постапување со бесправно изградените објекти од 2011 година.