На фотографијата споделена во објавата не е новиот директор на МЕПСО, туку неговиот брат

Тој претходно беше директор на ЈП Комунална хигиена, но беше разрешен од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Зуди Енузи Кока е член на Алијанса за Албанците, партија коалициски партнер во Владата

-

Зеди Енузи Кока навистина е назначен за нов директор на МЕПСО, но човекот со пиштол прикажан на фотографијата е неговиот брат Цуфи Кока кој на 20 јули 2022 доби четири месеци затвор. Причината за казната беше тоа што тој пукаше во воздух кај плоштадот „Скендербег“ за време на протестниот марш на противниците на францускиот предлог, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува напис со наслов: „Откако впери пиштол кон своите сограѓани Зеди Енузи Кока е избран за нов директор на МЕПСО“.

Во склоп на објавата се споделува фотографија од човек со пиштол. Но, тоа не е Зеди Енузи Кока, тој навистина е назначен за нов директор на МЕПСО на 12.09.2023 година, но човекот со пиштол прикажан на фотографијата е неговиот брат Цуфи Кока кој на 20 јули 2022 доби четири месеци затвор. Причината за казната беше тоа што тој пукаше во воздух кај плоштадот „Скендербег“ за време на протестниот марш на противниците на францускиот предлог.

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност по  член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 6 јули, на платото пред плоштадот „Скендербег“, со општо опасно средство – пиштол марка Волтер модел Р 99 со калибар 9х19 мм, кој го поседувал со дозвола, предизвикал значителна опасност за животот или телото на луѓето. За време на движењето на група граѓани кои учествувале  на  јавен собир, тој забележал како дел од граѓаните фрлаат камења, по што се упатил кон нив и во два наврати испукал по два куршума во воздух,  известија од Обвинителството на 7 јули 2022.

Зуди Енузи Кока е назначен од Надзорниот одбор за нов директор на АД МЕПСО, потврдија за МИА од компанијата. Неговото назначување ќе се официјализира по запишувањето во Централен регистар. Енузи Кока досега беше шеф на кабинетот на разрешениот директор на АД МЕПСО, Сурија Рашиди.

Тој претходно беше директор на ЈП Комунална хигиена, но беше разрешен од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Зуди Енузи Кока е член на Алијанса за Албанците, партија коалициски партнер во Владата.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита. Не е точно дека Зуди Енузи Кока вперил пиштол кон сограѓаните. Фотографијата претставена во објавата е од неговиот брат.

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...