fbpx

Столтенберг: Германија мора да ги зголеми трошоците за одбрана како во Студената војна

„За време на Студената војна, кога владееја Конрад Аденауер или Вили Брант, трошоците за одбрана беа помеѓу 3 и 4 отсто од економското производство“, рече Столтенберг, во интервјуто објавено во германските весници „Функе медиенгруппе“ изминатиот викенд

-

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го засили притисокот врз Германија да ги зголеми трошоците за одбрана во услови на тековната руска војна во Украина, пишува германската новинска агенција ДПА.

„За време на Студената војна, кога владееја Конрад Аденауер или Вили Брант, трошоците за одбрана беа помеѓу 3 и 4 отсто од економското производство“, рече Столтенберг, во интервјуто објавено во германските весници „Функе медиенгруппе“ изминатиот викенд.

Во неговата родна Норвешка, рече тој, беше слично.

„Тогаш успеавме, а денес треба повторно да се справиме“ вели Столтенберг.

Столтенберг потсети на одлуката на самитот на НАТО во јули во Вилнус, според која 2 отсто од бруто домашниот производ за воени трошоци е „минимумот“, иако Берлин продолжува да не ја постигнува оваа цел.

Тој рече дека очекува многу сојузници да ја надминат таа цел.

Како поранешен премиер на Норвешка, рече тој, знае колку е тешко да се буџетираат повеќе пари за одбраната кога се неопходни и повисоки трошења за здравството, образованието или инфраструктурата. Но, ако тензиите се зголемат, трошоците за одбрана мора да се зголемат, рече тој.

Германија е „на добар пат“ да ја достигне целта на НАТО да инвестира 2 отсто од економското производство во одбраната, нагласи Столтенберг.

Столтенберг изјави дека има „огромна разлика“ дали земја како Германија „се држи до оваа цел или не“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.