fbpx

Илиевски, Габер-Дамјановска и Јанкуловски, кандидати за избор на судија во ЕСЧП

-

Јавниот обвинител Јован Илиевски, уставната судијка Наташа Габер-Дамјановска и амбасадорот на Република Македонија во Ватикан, Звонимир Јанкуловски, се тројцата кандидати за избор на судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур од Македонија, соопшти денеска Министерството за надворешни работи.

Листата со тројцата кандидати, како што информираат од МНР, е доставена од Постојаната мисија на Македонија во Стразбур, до Секретаријатот на Советот на Европа.

„Истата е резултат на конкурентен национален процес на селекција спроведен од Комисијата за избор на судии при ЕСЧП и советодавна одлука на Владата на Република Македонија. Согласно постапката за избор на судија во ЕСЧП, Парламентарното cобрание на Советот на Европа ќе спроведе интервју со тројцата предложени кандидати на 30 септември 2016 година во регионалната канцеларија во Париз, по што ќе се произнесе со гласање во однос на изборот на судија од Република Македонија“, стои во соопштението на МНР.

Инаку, Комисијата за избор на кандидати на Македонија за судија во ЕСЧП ја сочинуваат вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски, Вангелина Маркудова, судија на Уставниот суд на Република Македонија, Зоран Караџовски, претседател на Судскиот совет на Република Македонија, Зоран Сулеjманов, член на Совет на јавни обвинители на Република Македонија, Илија Ристовски, државен секретар во Министерството за правда, и Ибер Села, професор од Правен факултет на Тетовскиот универзитет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на...