fbpx

И официјално Хазири од денеска е член на ад хок телото

-

Ад хок телото за следење на медиумското претставување денеска со консензус го прифати предлогот на политичките партии за петти член во телото да се избере Љуљзим Хазири.

– Денеска официјално беше комплетирано привременото тело за следење на изборите, во тие сто дена пред избори. Имаме неколку принципи од кои нема да се отстапи. Тоа е, пред сè, слобода на изразување, слобода на медиуми, никаква цензура и, се разбира, почитување на сите правила за сите еднакво – изјави Слаѓана Димишкова, член на Комисијата.

Хазири изјави дека неговата кандидатура била веројатно единственото решение за кое партиите можеле да се согласат.

– Мислам дека со моето присуство и со мојата независност ќе бидам репер на добра соработка и за наоѓање решенија. Сметам дека состојбата со медиумите не бара сто дена, туку подолг временски период за да се добие една оптимална ситуација – изјави Хазири.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.