fbpx

Хан: Турција наскоро ќе добие 300 милиони евра за школување на бегалците

-

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, најави денеска дека ЕУ кон крајот на месецот ќе потпише договор во вредност од 300 милиони евра со турското министерство за образование за да се помогне во школувањето на околу три милиони бегалци што моментно живеат во Турција.

На денешниот состанок со шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, и со турскиот министер за европски прашања, Волкан Бозкир, еврокомесарот Хан изјави дека помошта од три милијарди евра од ЕУ за Турција за бегалците ќе почне да се исплаќа наскоро.

Турција и ЕУ денеска постигнаа договор да се намалат тензиите откако односите се заострија по неуспешниот обид за воен пуч на 15 јули.

Европска Унија вети помош во износ од три милијарди евра за потребите за згрижување на сириските мигранти во Турција, во замена за помош од страна на Анкара за да се сопре приливот на нелегални мигранти во Европа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...