Туристичките работници бараат елиминирање на нелојалната конкуренција

-

Туристичките работници бараат од институциите помош за елиминирање на нелојалната конкуренција во туризмот, поради нудење на туристичките услуги од страна на човек-фирма во туристичките места.

Според нив, поради оваа состојба на терен може да биде загрозен порастот на бројот на странски гости, како резултат на нивното незадоволство од дел од субјектите на терен, а со тоа да се намали и девизниот прилив.

Асим Меџедовиќ од Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, истакна дека со нудењето услуги од страна на човек-агенција на туристите на главните шеталишта во Охрид и во Струга им се нарушува приватноста, а на државата угледот.

– Ако во минатото биле нелегални, сега имаат искористено некои пропусти во законите и се веќе човек-агенции регистрирани и лиценцирани, но никој не ја проверува нивната услуга на туристите и нивната понуда е во најмала рака сомнителна – рече Меџедовиќ.

Здружението бара координирана акција за сузбивање на нелојалната конкуренција од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Управата за јавни приходи, инспекторатот во Општина Охрид, градоначалниците на Охрид и на Струга и Министерството за внатрешни работи.

Податоците на Народната банка покажуваат пад од 12,6 проценти на девизниот ефект од патувањата во првите шест месеци лани, кога имало 30,20 милиони долари, споредено со истиот период годинава, кога се регистрирани 26,40 милиони долари. Од 2010 година заклучно со 2015 вкупниот девизен ефект од патувања изнесува 744,4 милиони долари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, вупниот број на странски туристи се зголемува во континуитет заклучно со јули годинава, а се зголемува и бројот на ноќевања.

 

Владата ќе го тргне Коцевски релативно брзо, може да заглави подолго околу наследникот

Членовите од Законот за Јавното обвинителство кои директно се однесуваат на именување и разрешување на Јавен обвинител на РСМ, покажуваат дека досегашниот главен јавен обвинител Љупчо Коцевски ќе биде разрешен релативно...

Најновиот пач во World of Warcraft имплементира Need For Speed моменти

Најновиот пач за World of Warcraft The War Within, од новата втора сезона доаѓа со PvP и Mythic+ Dungeons, како и нов Raid - но најбитната каратеристика на овој додаток е...

САД и Русија ќе назначат тимови за преговарање за крај на војната во Украина, соопштија американски претставници по средбата

САД и Русија ќе назначат тимови за преговарање за ставање крај на војната во Украина, соопшти американскиот Стејт департмент, по разговорите на високо ниво во Саудиска Арабија со претставници на Русија. Како...

Студентите го демантираат демантот на Националната опера и балет

Националната опера и балет (НОБ) со официјален демант се обидува да ги неутрализира негативните ефекти од веста дека студентите биле спречени да користат попусти при купување билети за тамошните претстави, иако...

Владата ќе го тргне Коцевски релативно брзо, може да заглави подолго околу наследникот

Членовите од Законот за Јавното обвинителство кои директно се однесуваат на именување и разрешување на Јавен обвинител на РСМ, покажуваат дека досегашниот главен јавен обвинител Љупчо Коцевски ќе биде...